• Latest
Бранко Тричковски, колумнист

Атентатот врз Трамп и убиството на Македонија

July 14, 2024

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Атентатот врз Трамп и убиството на Македонија

July 14, 2024 14:53
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Бранко Тричковски, колумнист

Бранко Тричковски, колумнист

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Тешко на оној што мисли дека ќе се спаси така што нема да учествува во трагедијата.

Така Чеслав Милош и Бранко Тричковски го формулираа Првиот законот на општествената динамика!

Ова важи и за господинот Трамп.

И мојата безначајност, како и целиот свет, ја осудува безумноста на атентатот и му посакувам брзо да ги совлада последиците на насилството кое беше со очигледна политичка заднина и мотивација, но не можам, а да не кажам дека Трамп е жртва на општествената клима која самиот ја разви, при што не мислам само на нападот на Конгресот на неговите симатизери по поразот на изборите пред четири години, туку на општиот дискурс за време на неговиот претседателски мандат кој ја имаше таа нота на пресметка со сите можни противници кои ги прогласуваше за непријатели, од демократите кои ги оквалификува како опасни антиамерикански левичари, до слободните медиуми, од големите делови од спортската, филмската и естрадната сцена, до мексиканските имигранти и аспекти на меѓународниот поредок итн.

Тоа што во нашиот закон е означено како трагедија тука се однесува на замената на институционалниот и правен поредок со предизвикано движење на масите односно со „интересите” на народот, на уништувањето на довербата во системот и компензација на таа загуба во вољата на еден човек.

Трамп е родоначалник на американскиот популизам. А американскиот популизам е најопасната работа за светот по климатските промени.

Трамп е жртва на слободата на луѓето со насилство да ги решаваат политичките прашања ако се во негова корист, заборавајки го чеслав/тричковиот закон дека и самиот може да дојде на ред пред таквата ослободеност на луѓето.

Така се дојде до тоа да се зборува за климата на насилство, дури и за граѓанска војна која ѝ се заканува на САД.

Пред осум години тоа не беше така.

Соединетите држави имаат традиција на политичко насилство од највисока категорија. Се сеќаваме на убиството на претседателот Џон Кенеди во 1963 година во Далас, па на убиството на црнечкиот лидер Мартин Лутер Кинг во април 1968 во Мемфис, па на Роберт Кенеди во јуни истата година, па на атентатот врз претседателот Реган во 1981 година.

Разликата меѓу тие убиства и обиди за убиства и нападот врз Трамп, е во тоа што денеска нивото на конфронтацијата и заканите по демократијата се по општа категорија.

Многу е важно дали атентатот врз Трамп, во кој претседателскиот кандидат на републиканците поминал со лесни телесни повреди, ќе ги зголеми неговите шанси на претстојните избори, што обично се случува со жртвите или ќе ги намали во стравот на демократската јавност дека со ваков предизборен багаж, Трамп може да биде уште поопасен за традиционалниот устрој на Америка. Америка е земја на спектакли и во таа смисла шансите на Трамп ќе бидат значајно зголемени, но секогаш има еден пресвртен момент во кој луѓето ќе посакаат мир наместо спектакли. Како во вториот круг на парламентарните избори во Франција. Конечно, дали овој напад во случај на негова победа на претседателските избори, ќе го одведе до ревизија на својата воинствена внатрешна политика или обратно ќе ја засили со тенденција кон некаква форма на диктатура.

Важно е и како ќе се развива постатентатореката атмосфера. Дали Трамп, во својот препознатлив стил ќе го обвини Бајден односно ќе ја засили конфронтирачката атмосфера и дали Бајден ќе се повлече и ако тоа го стори дали ќе ги рехабилитира шансите на демократите или ќе ги закопа?

Имам една теорија која вели дека тоа е инсценација на неговите служби.

Во Америка нема таква снајперска стрелба, демек пукотници, во кои гине некој од публиката, а на главниот му е огребано десното увце. Можеби некој од обезбедувањето го гризнал. Битката за власт ги дозволува сите средства. Како и во Македонија.

Истиот закон за трагедијата и наивните важи и кај нас. Лошо ќе поминат оние кои мислат дека ќе поминат добро ако не учествуваат во трагедијата. Особено оние кои ја предизвикуваат и мислат дека се нерони кои од ритчето ќе гледаат како Рим гори. На вмороните мислам, нормално. На таа луда парада односно на парадата на лудаците. Но не се само тие. И оние кои „политиката не ги интересира” или во своите политички решенија се доминираат од малку или малку повеќе злоба со која мислат дека ќе им наштетат на некои, а тие ќе седат крај реката Вардар и ќе гледаат сеир и ќе уживаат во туѓите маки.

Во Македонија, меѓу тие што не се осудени, нема ниту еден невин.

Најодвратни ми се оние кои учествуваа во инсталацијата на јажето за бесење врз вратот на Македонија, а сега мислат дека ќе ја рехабилитираат својата веродостојност ако ги критизираат џелатите.

Државата наебува кога ќе се совпаднат интересите на оние што ја растураат и оние што ја спасуваат, односно кога успехот на првите ќе го произведе разочарувањњто на вторите по што желбата за упокојување станува обострана.

Никој не може да не учествува во таа трагедија.


Специјално за FRONTLINE. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ