• Latest

Атина очекува одлучувачки чекор од Скопје

June 4, 2018

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Атина очекува одлучувачки чекор од Скопје

June 4, 2018 10:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Топката е на теренот на соседите да го направат одлучувачкиот чекор кон решение, а ние чекаме, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Контра“.

– Она што го очекуваме е политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија да го направи решителниот чекор за конечно да отидеме напред кон заемно прифатливо решение кон кое чини дека се стремат и двете земји. Господинот Заев ќе треба да заврши со неопходните политички активности во внатрешноста на неговата земја и тоа е она што го очекуваме, вели Ѕанакопулос во интервјуто.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој не сакаше да предвиди кога би се остварил телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас и уште еднаш рече дека „ништо не е договорено, ако не се договори сѐ“.

Портпаролот на грчката Влада во интервјуто неколкупати го повтори ставот дека Атина очекува од Скопје да го направи потребниот чекор за да се стигне до решение.

– Ништо не е договорено, ако не се договори сѐ. Во овој момент очекуваме од страна на политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија да го направи решителниот чекор и да го прифати договорот. Нормално, за време на техничките преговори, сѐ што се договара се заведува во писмена форма. Она што го очекуваме е комуникацијата меѓу двајцата премиери,  која во овој момент не може да се предвиди кога би се случила, објасни портпаролот на грчката Влада.

Ѕанакопулос истакна дека Грција нема никаков притисок, „дали временски или било каков друг за да се постигне договорот“, па затоа вели дека топката е на теренот на другата страна, а Атина единствено што може да направи е да чека.

Говорејќи за грчката телевизија, рече дека договорот јасно и конкретно ќе го гарантира завршувањето на фазата на менување на името, а изрази убеденост дека партиите во Грција тешко ќе најдат аргумент за да не го поддржат решението.

– Доколку постои договор на Нова демократија и на некои други од опозицијата ќе им биде многу тешко да најдат причина да не го гласаат, затоа што ќе биде таков што на најдобар можен начин ќе ги гарантира интересите на земјата. Ќе го гарантира комплетирањето на преодниот период кон новото име во соседната земја и ова ќе се направи со многу конкретни технички и обврзувачки услови, објасни министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата и изрази надеж дека евентуалниот договор би можел да добие широка парламентарна поддршка.

Ѕанакопулос ги демантираше и ги отфрли обвинувањата од опозициската Нова демократија дека се стреми кон решение за во замена да добие олеснување за долгот.

Tags: Атинаодлучувачки чекорСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ