• Latest

АЦВ со хрватски искуства ќе ја јакне примената на меѓународните воздухопловни стандарди

November 28, 2019
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

АЦВ со хрватски искуства ќе ја јакне примената на меѓународните воздухопловни стандарди

November 28, 2019 12:10
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со финансиска поддршка од Европската унија и хрватски искуства ќе се зајакнува примената на меѓународните воздухопловни стандарди во државава предвидени со регулативната од Европската заедничка воздухопловна област. Ќе се усогласува домашното законодавство  и ќе се подобруваат институционалниот капацитет и техничките компетенции на Агенцијата за цивилно воздухопловство во согласност со европската регулатива.

За таа намена од фондовите на ЕУ се одвоени 250.000 евра на Хрватската агенција за цивилно воздухопловство за спроведување на твининг проект во државава, што денеска беше промовиран на конференција во Скопје.

Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев изјави дека проектот ќе ги подигне капацитетите на македонските цивилни воздухопловни власти од аспект на оперативната подготвеност на Агенцијата како регулаторно тело, на капацитетите на луѓето кои ги работат на надзорните активности и од аспект на приближување на нашето законодавство кон регулативата на ЕУ.

 

– Со последните измени и дополнувања на законот за воздухопловство е создадена основа за спроведување на проектот. Сега, конкретно низ подготовка на оперативни  процедури, упатства и формулари за работа и постапки при надзорни активности во областа на пловидбеноста, летачките операции, легислативата и лиценцирање на персоналот. Значи, подигнување на оперативниот капацитет на кадарот од АЦВ и преоѓање на новата регулатива којашто веќе ја користат сите држави во опкружувањето во овие активности, изјави Тунтев.

Тој најави дека ќе продолжат да аплицираат за финансии од претпристапните фондови на ЕУ за натамошно подобрување на состојбите.

Во меѓународниот  воздушен сообраќај, како што порача Тунтев, летањето на авионите не препознава, ниту локални, ниту регионални, ниту закони на сите поединечни држави каде авионот го користи воздушниот простор. Затоа е неопходно унификација на сите правила и прописи кои се однесуваат пред се на безбедноста на патниците, екипажите, на воздушната пловидба и конечно на одржливоста на транспортниот систем и заштитата на животната средина.

Министерството за транспорт и врски, информира ресорниот министер Горан Сугарески,  во соработка со АЦВ, М-НАВ и  останатите надлежни институции работи на нов закон за воздухопловство.

 

– На тој начин сметаме дека сериозно ќе ги подобриме и унапредуме капацитетите на АЦВ. И оваа година имаме рекорди во реализацијата,  на Охридскиот аеродром за 64 проценти, а на Скопскиот аеродром за 10 проценти и до октомври веќе има над два милиони патници. Очекуваме уште поголеми рекорди од ланската година. Истото се случува и на Охридсиот аеродром, изјави Сугарески.

Никола Бертолини, претставник на Европската делегација во земјава, потенцираше дека е добро што нашата држава  ќе го подобри усогласувањето во однос на Заедничката европска воздухопловна област.

– Поминаа 12 години откако Делегацијата на ЕУ почна да  го поддржува регионот во усогласување кон заедниќката европска воздухопловна област. Северна Македонија доцни и ние сме среќни што конечно и во оваа област нешто почна да се раздвижува. Земјите од Западен Балкан многу побргу напредуваат во однос на усогласувањето на законодавството поврзамо со Европската заедничка воздухопловна област  поради тоа што немаше доволно капацитет и волја, сега тоа се менува и ние сме задоволни, изјави Бертолини.

 

Томислав Михотиќ, државен секретар од хрватското Министерство за море, транспрт и инфраструктура истакна дека преку твининг инструментот Хрватска има можност директно да го споделува знаењето и искуството стекнато преку спроведување и усогласување на acquis на ЕУ, земјаќи го превдид неодамнешното искуство од пристапните преговори со Унијата, како и целокупната процедура на пристапување.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ