Четири нови тонски снимки се објавени на кои се слушаат разговори од состанок меѓу Мицкоски, Кичеец и женска личност. Од разговорите може да се заклучи дека се снимени непосредно пред првиот круг на претседателските избори, во април 2019 година. Мицкоски му раскажува на Кичеец за неговите теренски активности во Охрид после што договараат стратегии за соработка за време на изборите, но и за после тоа. Во разговорите се слуша како Кичеец му објаснува на Мицкоски дека изборните резултати се тие, дека некои луѓе не можат да се одвратат, пренесува А1 он.
Снимките со времетраење од 4, 17, 2 и 1 минути. Ви аудио снимките, Мицкоски во еден момент бара директна комуникација и соработка со Милески, а не “преку Петко, Станко”, Кичеец во еден од разговорите открива и можна средба на Мицкоски со Орце Камчев, прераскажувајќи му на Мицкоски разговор со трето лице.
Мицкоски на сите прозивки во јавноста категорично негираше дека имал средби со Кичеец. Тој во интервју велеше дека сам ќе се пријави во истражниот затвор во Шутка доколку постојат докази за негови инкриминирачки активности.
Од А1 он потсетуваат на изјавата на Мицкоски:
„Доколку постои било каков инкриминирачки материјал, не мора да поставуваат прашања, не мора да се плашат од законот дека ќе ги тужам, веднаш да го објават на моја евентуална инкриминирачка активност и не треба воопшто да се мислат, јас следниот ден ќе се појавам истражниот затвор „Шутка“ во Скопје.
Кичеец ја потврдува автентичноста на снимките. Зоран Милески Кичеец за А1 он, вели дека имал повеќе состаноци со Христијан Мицкоски. и дека се сретнал и на 14 април минатата година и дека тоа не била единствената средба туку имале повеќе состаноци со Мицкоски.