Откако поради здравствени проблеми, српскиот претседател Александар Вучиќ мораше пред време да се врати од САД, по краткиот престој и пружената медицинска нега на белградската ВМА, реши да тргне на парадата на Црвениот плоштад во Москва, каде требаше да се сретне со рускиот колега, Владимир Путин.
Но, уште еден пех му се случи на претседателот на Србија, откако авионот со кој леташе мораше итно да слета во Азербејџан поради војната во Украина и дејствијата на борбените средства во воздушниот простор!
Патот до Москва е затворен, борбените операции го блокираа летот, пренесува Телеграф.рс според пишувањето на провладиниот српки медиум Информер. Како што информираат оттаму, авионот на претседателот на Србија не можел да оди подалеку кон територијата на Русија поради безбедносни ризици – вклучувајќи ги ефектите од системите за воздушна одбрана и можноста за пресретнување на авионот во зоната на конфликтот!
Со оглед на зголемената тензија и воените операции што моментално се одвиваат во Источна Европа, летот за Москва беше прогласен за небезбеден, а претседателската делегација беше запрена во Баку, главниот град на Азербејџан.
Да потсетиме, Вучиќ претходно се пофали дека е еден од ретките кои за кратко време ќе оствари средби со тројцата најмоќни луѓе на планетава, Трамп, Путин и кинескиот претседател Си Џингпин
Д. Мишев