Eдиниците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово, велат од „ТАВ Македонија“.
-Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред, се вели во нивното соопштение.
За детали во однос на летовите, ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата http://skp.airports.com.mk/, каде што информациите за полетувањата и слетувањата, се ажурираат во реално време.
Доколку на патниците им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на Шалтерот за информации кој е достапен 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333.