• Latest

АВМУ: Поднесени се една прекршочна пријава и осум јавни опомени за четири медиуми

March 26, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

АВМУ: Поднесени се една прекршочна пријава и осум јавни опомени за четири медиуми

March 26, 2025 13:58
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) изминативе три месеци реализирала надзори врз сите телевизиски и радиопрограми на Јавниот радиодифузен сервис и нивното работењето како дел од спроведени активности согласно Годишната програма за работа.

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски посочи дека во овој период изречени се осум јавни опомени за четири радиодифузери – МРТ 3, ТВ Дуе, ТВ Спектра и ТВ Њуз, донесени се три решенија за јавно опоменување на операторот Мултимедија Нетворк Л заради реемитување програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата; реемитување на програмски сервис на домашен радиодифузер надвор од сервисната зона за која ја има добиено дозволата за телевизиско емитување и за недоставување до Агенцијата сигнал со иста содржина со онаа што им е достапна на неговите претплатници.

Трајчевски во презентацијата рече дека е констатирано само едно прекршување кај МРТ3 за обврската за обезбедување информации кои треба да се направат достапни до корисниците.

– Преостануваат да се спроведат уште неколку редовни надзори врз националните телевизии Наша ТВ, 24 Вести, ТВ Сонце, ТВ Клан Мацедонија, ТВ Шења и ТВ Компани 21-М, рече директорот Трајчевски.

Во врска со трагичниот настан кој се случи во Кочани, бил спроведен повеќедневен вонреден програмски надзор врз програмите на радиодифузерите за известувањето за трагедијата, како и за усогласеноста на програмата за време на деновите на жалост.

– Агенцијата до сите уредништва на телевизиите и радијата испрати соопштенија со насоки како да се приспособи програмската понуда за седумдневниот период на жалост. Се разбира, пропусти имаше, но ретко и во ниту еден случај не биле намерни, рече Трајчевски.

Тој напомена дека е спроведен вонреден програмски надзор по претставка за „говор на омраза“ во емисијата Седмица на ТВ АЛФА. При надзорот не е констатирано прекршување

По контролните програмски и административни надзори за сторените прекршувања на ТВ Дуе, ТВ Њуз, и ТВ Стар им биле изречени мерки јавна опомена, додека на ТВ Спектра прекршочна постапка, која е во тек.

Во надзор врз 19 издавачи на печатени медиуми не се констатирани прекршувања кај ниту еден субјект.

Врз операторите на јавни електронски комуникациски мрежи биле извршени вкупно 23 надзори, од кои 21 редовен и два вонредни.

– На радиодифузерите и на операторите на кои им беше изречена мерка – јавна опомена, им беше наложено да го усогласат своето работење, а по истекот на рокот за законско усогласување, ќе се изврши контролен надзор, потенцира директорот Трајчевски.

Во првиот квартал од работењето на АВМУ успешно била спроведена една постапка за порамнување со ТВ КОМПАНИ 21-М.

Во првите три месеци, биле започнати девет постапки за одземање на дозволата за радио и телевизиско емитување.

– Во меѓувреме, осум радиодифузери го платија во целост годишниот надоместок за дозволата во законски утврдениот рок, по што овие започнати постапки за одземање на дозволите беа запрени од страна на Агенцијата. Единствено ТВ ШУТЕЛ не го плати годишниот надоместок за дозволата, поради што Агенцијата донесе Одлука за одземање на дозволата, рече Трајчевски.

Донесена е една Одлука за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис говорно музичко радио од општ формат на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Куманово. Донесена е и Одлука за продолжување на важноста на дозвола за телевизиско емитување на Телевизија Ускана Медиа за време од девет години.

Во врска со трагичниот настан во Кочани Советот на Агенцијата на седницата одржана на 19 март донесе Одлука за доделување на финансиска помош – донација во вкупен износ од 1,5 милиони денари.

– Донацијата ќе се спроведе преку Црвениот крст на Република Македонија, на посебна наменска сметка – Фонд за солидарност, рече Трајчевски.

На новинарско прашање за коментар околу забраната за снимање со дронови на протести, директорот Трајчевски напомена дека АВМУ не е надлежна за таа област.

-Ние немаме никаква надлежност. Тие одлуки ги носеше Министерството за внатрешни работи врз основа на нивна процена. Ние не учествуваме во носењето на таквите одлуки, ниту пак имаме законска надлежност, рече Трајчевски во одговорот, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ