Во Апелациониот суд за попладнево е закажана јавна седница по жалбата на пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, која се жали на одлуката на Кривичниот суд да и биде продолжен куќниот притвор за учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година.
Седницата е јавна по барање на Пешевска.
До сега Апелација ги потврди одлуките на Кривичниот суд за сите осомничени за настаните од „крвавиот четврток“ во Собранието.
Д.М.