• Latest

Бајдевски: Професионализација на администрацијата предуслов за заштита од злоупотреба за партиски цели

April 11, 2019
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бајдевски: Професионализација на администрацијата предуслов за заштита од злоупотреба за партиски цели

April 11, 2019 16:05
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, на конференцијата „Какви избори-таква иднина“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, потенцираше дека Министерството за информатичко општество и администрација активно работи на деполитизација и професионализација на јавната администрација, со цел да биде сервис на сите граѓани и никогаш повеќе да не биде злоупотребувана за нечии партиски цели.

„МИОА во моментов работи на хоризонталната функционална анализа, а се работи и на вертикалните функционални анализи во сите органи на државната управа. На овој начин ќе знаеме и кои институции имаат надлежности кои меѓусебно се преклопуваат, а и кои институции пред кого одговараат. Потоа ќе следи и реорганизација на јавната администрација, што е предуслов за зголемување на ефикасноста и ефективноста, намалување на трошоците и подобрување на квалитетот на услугите што институциите ги нудат до граѓаните и фирмите“, истакна Бајдевски.

Заменик министерот ги посочи и активностите во однос на обезбедување на професионална раководна служба.

„Знаеме дека притисоците на вработените најчесто доаѓаат од менаџментот, односно од раководните структури. Затоа изминатиот период работевме на Закон за висока раководна служба, презентиран за јавна расправа и веќе објавен на ЕНЕР. Законот предвидува сосема нови стандарди за избор на раководни лица во државата, нешто што досега не само што не се спроведувало во Северна Македонија, туку со овој Закон сме и први во регионот. Предвидуваме сериозни механизми и критериуми, а евалуацијата на кандидати за висока раководна служба, ќе го прават експерти во таа област. Ќе се избере комисија за висока раководна служба, a изборот на комисијата ќе се врши во Собранието, на слична постапка како што тоа се правеше со изборот на членови на ДКСК“, истакна Бајдевски, додавајќи дека комисијата ќе биде задолжена да врши евалуација, бодување и интервјуа на сите кандидати за менаџерски позиции и на тој начин граѓаните ќе бидат сигурни дека раководната служба ги исполнува критериумите потребни за извршување на таа функција.

Како што истакна Бајдевски, процесот ќе биде јавен и транспарентен, со што конечно ќе се промени сликата за јавната администрација, а вработените ќе можат да бидат сигурни дека нивните претпоставени нема да ја злоупотребуваат нивната позиција за партиски и изборни цели.

МИОА на својата веб страна објави и алатка, каде може да се пријави притисок на работно место за време на претстојната кампања за избор на претседател. До сега, како што изјави Бајдевски на адресата на МИОА не пристигнала ниту една пријава за злоупотреби во јавната администрација.

Маја Ивановска
Камера: Трпе Стојановски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Тимот на ЦИВИЛ

 

Share28TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ