• Latest

Бајконур: Повеќе од симбол на моќта на Русија во планетарни рамки

January 13, 2022

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бајконур: Повеќе од симбол на моќта на Русија во планетарни рамки

January 13, 2022 09:07
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Во рамките на динамичните настани кои се секојдневни на меѓународно ниво, често не забележуваме активности кои се многу битни, но на прв поглед можеби делуваат неатрактивно. Еден од тие настани е инцијативата на Вашингтон за некаква – условно речено – поделба на вселенскиот колач кој за дел од стручната јавност во светот е прaвно спорна, но и за другите велесили во освојување на вселената, Русија и Кина, пред се, во тој договор гледаат извор на несогласувања, бидејќи, им дава второкласни позиции. Договорот кој се однесува на некој вид на поделба на природните добра на Месечината, Русија, главниот партнер на САД за Меѓународната вселенска станица, категорично одби да го потпише  До тој миг се чинеше дека токму освојувањето на вселената е дел од најдобрите денови на детантот. Особено затоа што по серијата неуспеси на НАСА во остварување на нивниот програм, лансирањата на Роскосмос беше единствениот начин да се испратат американски астронаути во вселенски објект таму горе.

Да направиме мал скок во дневните настани тука, на Земјата. На планетава, неодамна се случи влез на руски воени трупи во Казахстан, со цел – спасување на режимот на актуелниот владетел таму. Тоа предизвика различни коментари, главно околу позицијата на мешање на Москва во внатрешни работи на друга самостојна држава. Но, дали таа оценка држи во целина? Има ли тука некој мотив повеќе кај московјаните за присуство на нивни војници во Казахстан.

Па, ако се гледа видеото за атерирањето на воен авиотранспортер од типот Иљушин во Бајконур (urir.rs/planeta/3846887/prepad-na-bajkonur-ruski-desanjtniki-zauzeli-i-obezbedili-kosmodrom-iz-iljusina-se-iskrcali-pod-punom-opremom-video) се станува појасно – заради немирите, налик на зачеток на граѓанска војна во Казахстан. се чинеше дека е загрозен еден од клучните култни статуси на Русија. Најмалку е спорно дека,  мигот кога вселенскиот товарен брод Прогрес кој оди до Меѓународната вселенска станица и носи се што е таму потребно, е тој кој ја издржа пробата на времето и дека тоа и дава централна позиција на Москва во лоцирањето на објекти во вселената.

Затоа на пистата во Бајконур се најдоа руски војници (на видеото тоа беше сила од околу еден баталјон, но тешко е да се верува дека космодромот би се бранел со толку скудни сили од реална опасност). Што ако протестантите (кои Путин ги нарече „уште една шарена револуција“) го стават „во аут“ вселенската програма од овој космодром?! Каков би бил тоа страшен удар за постојниот руски примат во височините, но и за опстанок на заедничките екипи со  американските космонаути, реално, единствената работа што остана од некогашниот детант?!

Прашањето на одбраната на Бајконур мора да се гледа како факт кој влијаеше врз одлуката на Москва да го активира Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), кој постои речиси три децении, за прв пат! Одлуката на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев да ја покани организацијата, дава формална потврда за интервенцијата однадвор во неговата земја. Ова доаѓа од фактот дека исто така постоеја слични ситуации во најмалку две членки на тој пост-советски сојуз за заедничка одбрана ама до интервенции со војници не дојде! Членката на блокот, Белорусија, не побара од организацијата да интервенира за време на немирите во 2020 година поради фалсификување на изборните резултати. Но затоа, Ерменија била разочарана од одговорот на ОДКБ на нејзините повици за помош за време на граничниот спор со Азербејџан минатата година, кога имаше отворено воено конфронтирање. Противникот, кој се потпираше на воената помош од Турција, беше понадмоќен во тој судир и победи,  Путин одби да се вмеша, иако тоа беше спротивно на одредбите на Договорот за взаемна помош потпишан токму во Алма – Ата!

Азербејџан не е членка на Договорот за колективна безбедност, иако другите три држави богати со нафта (Таџикистан, Казахстан и Киргистан) се членки, како и Белорусуја и секако Ерменија.

Ова секако е потврда дека Москва е таа која единствено одлучува каде и колку ќе им помага на оние кои се дел од тоа, да го наречеме така „пост-советско НАТО“. За да не се конфронтира со Анкара Путин одлучи да не ја помага Ерменија и толку! Треба да се има во предвид и фактот дека операцијата на истоварување на руски трупи во Казахстан ја раководел генералот Сердјухов, кој командуваше со сличен потфат во Крим, како и со помошта што ја доби Асад во Сирија, односно дека е тоа потфат на кој во Кремљ се одело како кон цел каде не смее да има грешка!

Интервенционистичките трупи започнале да си заминуваат од Казахстан – наводни биле вклучени само 2.500 војници. Колку и како ќе се брани Бајконур, главниот ефикасен постамент на пост-советската ера во Москва не е јасно, иако секако ќе се внимава на тоа како во земјата – домаќин ќе биде воспоставен социјалниот мир. Бајконур е инаку во област која е изнајмена од Казахстан се до 2050 година.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ