• Latest

Балканот не се препознава по укажувачи

May 12, 2022
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Балканот не се препознава по укажувачи

May 12, 2022 13:48
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе институции до Државата комисија за спречување на корупција не доставуваат извештаи по однос заштитеното внатрешно пријавување. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, во својот говор на настанот организиран од Центар за истражувачко новинарство – СКУП Македонија по повод Светскиот ден на укажувачи, истакна дека иако повеќе институции имаат воспоставен систем за заштитено внатрешно пријавување не ја исполнуваат во целост обврската да достават извештај до ДКСК од причина што немаат примено пријави од укажувачи, пренесува МИА.

– Анализата на примените полугодишни извештаи покажа дека има мало подобрување во примената на законот во однос на заштитеното внатрешно пријавување. Поднесените пријави преку каналот на внатрешно пријавување кој е воспоставен во институциите покажува дека сепак граѓаните се охрабруваат да ја користат ова можност и да пријавуваат сомневања, односно сознание за незаконитости или неправилности во работењето на институциите, рече Ивановска.

Во изминатиот период до ДКСК пристигнале различен број на пријави, односно според Ивановска во 2019 година пристигнале 19 пријави, во 2020 пристигнале шест пријави и во 2021 година пристигнале девет пријави од укажувачи.

– Од сите пријави 26 предмети се отфрлени поради тоа што нема елементи за постапување на комисијата. Во еден предмет е потврдена основаност за наводите во доставената пријава и беше доставена иницијатива до Владата на РСМ за утврдување на одговорност на пријавеното лице и иницијатива за кривично гонење до основното јавно обвинителство, посочи Ивановска.

Арјан Дурмиши, координатор на коалицијата на Југоисточна Европа за заштита на укажувачите, изјави дека со исклучок на Србија, општо случаите од укажувачите на Балканот се ниски.

– Во Србија има еден поголем број затоа што таму сум работел повеќе и со правните институциите затоа што укажувањето е едно прашање кое во моментот го имплицира и правосудниот систем и потребно е добро познавање на легислативата, но и на процедурата. Ова овозможува подобра средина за укажувачите за да тие преземат слични дејствија, рече Дурмиши.

Како важно укажување, тој го издвои и случајот во Македонија, од 2015 година кога вработените во безбедносните структури со нивните укажувања овозможија значителни промени со оставката на Владата на Груевски, новите избори, Договорот со Грција, членството во НАТО. Според него, бројот на укажувања не секогаш е важен, туку квалитетот на укажување и промените што следат.

Министерот за правда Никола Тупачевски, посочи дека укажувачите кои пријавуваат информации и дејствуваат во интерес на јавноста и имаат активно учество во борбата против корупцијата и криминалот заслужуваат солидна заштита и поддршка.

– Само преку обезбедување на заштита и поддршка на укажувачите ќе се придонесе за зајакнување на нивната улога во откривање на сериозни прекршувања на јавниот интерес како што се корупцијата, прекршување на правдата, избегнувањето на данокот, недостаток за заштита на безбедноста на животната средина и напади врз правата на работниците, изјави министерот Тупанчески.

Тој се осврна на случаите на Едвард Сноуден, Џулијан Асанж и Бредли Менинг нагласувајќи дека она што ги обединува тројцата е тоа што одбрале да не молчат, односно решиле да откријат тешки злоупотреби на човековите права сторени од тие што биле должни да го штитат јавниот интерес и правата на граѓаните.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ