Познатиот уметник Кенто Терашита, кој моментално работи во националниот балетски ансамбл при Македонската опера и балет во Македонија, на својот Фејсбук профил се пожали за неговата моментална финансиска состојба.
Терашита побара помош, бидејќи од Македонскиот Национален Балет му немаат исплатено плата за 3 месеци, и поради тоа, неговата ситуација е толку лоша, што дури не може да си купи вода, храна или какви било други неопходни работи за основен живот.
Тој потоа додава дека во оваа земја нема никој близок и дека е исплашен за својот живот, и дека не може дури ни да се врати во својата земја. Поради тоа што нема земено плата, не може ни да ја плати ќиријата за станот во кој е сместен, и моментално поради повреда треба да биде хоспитализиран, но ниту за тоа нема пари.
„Драги пријатели, навистина ми е потребна помош затоа ве замолувам за совет. Моментално работам во Македонскиот Национален Балет, но тие не ме имаат исплатено за 3 месеци. Мојата ситуација е навистина навистина лоша поради овој проблем. Немам пари, поради тоа не можам да купам вода, храна, тоалетна хартија, сапун или било што. Сега имам повреда, скршеницца и скинат лигамент на глуждот и морам веднап да бидам хоспитализиран и да примам терапија за време на рехабилитацијата. Но, не можам да примам бидејќи немам пари. Всушност мојот договор гласи дека „секој 15-ти во месецот јас ќе земам плата за претходниот месец“ и јас го прифатив таквиот договор и затоа одлучив да работам тука. Но тие не работат вака. Исто така овој проблем не се случува прв пат, многупати го имав овој проблем со парите. Не можам да верувам дека ова е една професионална компанија? Ова е националниот балетски театар? Дали е ова нормално во Македонија? Јас сум навистина разочаран. Тие ми рекоа, дека проблемот е во министерството. Но мислам дека тие не гледаат сериозно на мојата ситуација. Фирмата вели „можеби утре“? Наредната недела? Се надевам. Но не се случува. Јас престојувам во друга земја, не го знам јазикот и немам семејство или било што во оваа земја. И исто така немам пари… јас сум навистина, навистина исплашен и не можам да спијам секоја вечер. Секогаш мислам што ќе јадам утре? Немам ништо и немам пари ниту да се вратам во мојата земја. Истот така и сопственикот на станот каде престојувам доаѓа секој ден и ми вели „плати ја киријата, дај ми пари“, тој исто така чека пари од мене за кирија за два месеци. Можете ли да замислите да се најдете во ваков случај? Ми се чини дека ќе го изгубам паметот…“, пишува балетанот Терашита.
А.П.