• Latest

Бектеши: До крајот на неделата лидерот на ДУИ ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата

May 31, 2024

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бектеши: До крајот на неделата лидерот на ДУИ ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата

May 31, 2024 11:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Крешник Бектеши, член на ДУИ и министер за економија, најави дека лидерот на партијата Али Ахмети до крајот на неделата ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата.

– Кај нас, како членови на Претседателството на ДУИ доаѓаат идеи од страна на интелектуалци и луѓе кои придонеле многу за државата, не само Албанци, туку и од другите етнички заедници. Веќе имаме разговарано за одредени опции. До крајот на неделата ќе има конкретни чекори што ќе бидат преземени и ќе ги обелодени претседателот на партијата Али Ахмети, рече Бектеши во централниот дневник на „Сител“.

Додаде дека ДУИ не бара по секоја цена да биде во владата, но бара почитување на легитимитетот на мнозинството на Албанците и другите етнички заедници.

Претседателот на ДУИ која ја предводи коалицијата „Европски фронт“, Али Ахмети вчера на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово, соопшти дека тие се легитимен претставник на Албанците во државата, бидејќи, како што посочи, на претседателските избори победиле со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 30 илјади гласови повеќе и, според нив, шест пратеници повеќе од Коалицијата Вреди.

Во однос на реорганизацијата на државните институции што ја најавува ВМРО-ДПМНЕ, Бектеши очекува предлозите за реорганизација пред да влезат во собраниска процедура да бидат првично објавени пред јавноста.

– Не е мала реформа да се направи реорганизација на државните институции, во однос на тоа што ќе се случи во вработените, која ќе биде ефикасноста на тие институции… Во моментот кога ќе го имаме конкретниот предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ или на другите политички партии кои се дел од коалицијата, тогаш ќе излеземе со конкретен став и со противпредлози како ние мислиме дека тоа би било поефикасно, рече Бектеши.

Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за Радио слободна Европа најавува дека на првата седница на новиот парламентарен состав, уште пред формирањето на владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства.

 

Tags: Бујар ОсманиЕнтони Блинкен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ