• Latest

Бектеши: „Макпетрол“ беа известени за преговорите на државата, ова е неодговорно однесување

December 22, 2022

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: „Макпетрол“ беа известени за преговорите на државата, ова е неодговорно однесување

December 22, 2022 21:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Макпетрол“ беа известени за преговорите на државата со „Булгартрансгас“. Ме зачудува фактот што вчера одржале состаноци со надлежните институции ги разговарале сите услови кои се предвидени за договорот меѓу „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“, немале никакви забелешки, односно тие што ги имале ги изјасниле и денеска наеднаш излегуваат со соопштение дека нема да увезуваат, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој во гостување на Тема на денот во вестите на ТВ Сител оцени дека станува збор за неодговорно однесување од страна на компанијата, како и дека чекорите на државата се во насока на избегнување на ситуација на целосна зависност од Руската федерација.

-Ние се залагаме да се либерализираме и сите консултации се завршени и таа обврска што сме ја земале како држава према енергетската заедница, преку регулативите на Европската унија ние веќе ги спроведуваме. Ако ние не донесевме ваква одлука можеме да се доведеме во ситуација за да бидеме целосно зависни од Руската федерација и што ќе се случеше ако преку ноќ имаше забрана за снабдување со природен гас на нашата држава, рече Бектеши.

За министерот загрижувачки било тоа што „Макпетрол“ како компанија не покажала општествена неодговорност и информира дека во таа насока било разговарано за носење на закон кој ќе го регулира однесувањето стратешките компании во време на криза.

-Според мене ова е неодговорно однесување  од страна на компанија каква што е Макпетрол и за жал можно е и да има и надворешни сили кои влијаат врз ваквите одлуки, но ние сме демократска држава имаме закони ќе постапиме согласно законите, вклучувајќи го тука и Макпетрол. Ме загрижува фактот што една од најголемите компании не покажа ни мала општествена одговорност за сите овие децении што се тоа што го направиле е од овие граѓани. Дополнително разговарав и со претседателот на Владата им дадов задолжение и на правниот тим на Министерството за економија да постапат и да најдеме во што побрз рок законски решенија на начинот како да се однесуваат одредени стратешки компании во време на криза по примерот на другите држави како Германија и Италија, рече Бектеши.

Соопшти дека денеска било разговарано и најверојатно ќе бидат најдени други опции затоа што имало простор до 1 Јануари следната година, за што Министерството дополнително ќе инфомирало најдоцна до вторник.

Во однос на претходните понуди доставени од претстедателот  на опозицијата Христијан Мицкоски рече дека се неприфатливи затоа што доаѓаат од Руската федерација.

Обвини дека Макпетрол и во минатото покажала неодговорно однесување.

– Таа е една од најголемите компании не е првпат што прави вакви работи граѓаните се сеќаваат од времето кога ги затворија бензиските пумпи и не точеа дизел заради тоа што требаше да чекаат само еден ден за Регулаторната комисија за енергетика да носи нова одлука за зголемување, појасни тој.

Во однос на заинтересираните компании кои во иднина би го вршеле снабдувањето на пазарот рече дека има понуди до ЕСМ, но не откри од каде доаѓаат.

„Макпетрол“ претходно соопшти дека од 1 јануари нема да увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи.

Во соопштението испратено до јавноста, „Макпетрол“ посочи дека причина за ваквата ситуација се новите услови за работа кои ги предвидува, според нив, прерано потпишаниот договор за интерконекција меѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“, со што не се применливи досегашните услови според кои компанијата увезува и испорачува природен гас до своите потрошувачи.

Tags: БектешигасМакпетролмонопол
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ