• Latest

Бектеши: Пратениците да го усвојат предложениот закон за заем од Светска банка за енергетска ефикасност

March 5, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Пратениците да го усвојат предложениот закон за заем од Светска банка за енергетска ефикасност

March 5, 2021 13:47
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати апел до пратениците, посебно до оние од опозицијата, да го усвојат Предлог-законот за задолжување во Светска банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност.

Со законот, рече Бектеши, ќе се овозможи реализација на многу важни проекти за здравствените установи, општините и институциите.

-Би сакал да ги повикам сите пратеници, посебно пратениците на опозицијата, да го усвојат заемот од Светска банка што е веќе доставен до Собранието, во делот на енергетската ефикасност, каде ќе им се овозможи и на општините, но истовремено ќе се овозможи и на државната техничка помош во имплементација на многу важни проекти каде нашите општини и другите надлежни институции ќе ја намалат потрошувачката на енергија во работењето, рече Бектеши на прес -конференција на потпишување на договор за проект за улично осветлување во Крива Паланка.

Тој информира дека Секторот за енергетика во рамки на Министерството за економија ги заврши сите подготовки за аплицирање за грант вреден 600.000 евра со кој ќе се изготви физибилити студија за државните институции за моменталната состојба, а потоа и план и програма за инвестирање во подобрување на енергетската ефикасност на државните институции, но и на здравствените установи.

-Годинава ќе предложи реализацијата на програмите од Програмата за енергетска ефикасност. Средствата се зголемени и затоа граѓаните нека ги следат будно сите јавни повици за да ги искористат можностите кои ги даваме, подвлече министерот за економија.

Како што соопшти Министерството за економија, Предлог-законот за задолжување во Светска банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност, неколку месеци е блокиран од страна на опозицијата во Собранието.

Според Министерството, Бектеши бара од пратениците побрзо да се донесат законите за реализација на мерките од петтиот сет. Тој е убеден, наведува Министерството, дека решенијата ќе бидат поддржани од страна на сите пратеници зашто се насочени и кон компаниите и кон зачувување на работните места во приватниот сектор, а има и мерки кои директно влијаат врз загрозените граѓани во нашата држава.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ