На 28 јуни 2025 година, Белград беше сцена на уште еден голем протест против власта. Според проценките на српското МВР, 36.000, а според Асошиетед прес до 140.000 граѓани се приклучија на студентите кои го предводеа протестот под мотото „Се гледаме на Видовден“. Овој протест е продолжение на речиси осуммесечниот револт низ цела Србија, што започна по трагичниот колапс на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а што се припишува на корупцијата и небрежноста на власта.
Барањата на демонстрантите за објавување на сите податоци од истрагата на новосадската трагедија и правда за жртвите, еволуираа во барања за предвремени избори – за нив власта на претседателот Александар Вучиќ е нелегитимна.
Во исто време со протестот, поддржувачи на Вучиќ организираа контрапротест пред Парламентот, познат како „Ќациленд“. Претседателот го отфрли ултиматумот на студентите да се согласи на предвремени избори до 21 часот, а во своите изјави продолжи да обвинува „странски фактори“ за дестабилизацијата.
Протестот почна мирно на плоштадот Славија, но вечерта ескалираше. До судири дојде кај Пионирски парк, каде што беа приведени неколку десетици лица, а повредени беа неколку полицајци. Властите и претходно приведуваа студенти и опозициски активисти под обвиненија за заговор и тероризам, што беше оценето како груба злоупотреба на власта и заплашување.
Во текот на тензичната вечер, додека во Белград полицијата и демонстрантите разменуваа солзавец, пендреци, лисици и шок бомби од едната, а камења, метални шипки и шишиња од другата страна, му се јавив на мојот колега Љубомир Костовски, политички аналитичар на ЦИВИЛ МЕДИА и главен уредник на онлајн магазинот Глобус. Разговаравме за развојот на настаните и перспективите во Србија и направивме паралели со состојбите и процесите во нашата земја.
Видовден, симболичен датум во српската историја (битката на Косово, 1389), дополнително го засили значењето на протестот. Може да се претпостави што значи овој избор на симболи и што допрва ќе значи тоа во иднина. Љубомир е оптимист – тој гледа позитивна демократска иднина на Србија. Иако многу сакам да е во право, јас сум, сепак, претпазлив.
Џабир Дерала
🎧 Слушнете ја нашата анализа:
📲 Следете го ЦИВИЛ:
▶️ YouTube: https://www.youtube.com/@CivilMacedonia
📘 Facebook: https://www.facebook.com/civil.mk
🐦 X: https://x.com/CivilMacedonia
📸 Instagram: https://www.instagram.com/civilmedia.mk/
📰 Посетете ги порталите:
🌐 https://civilmedia.mk/ – на македонски
🌐 https://civilalb.info/ – на албански
🌐 https://civil.today/ – на англиски
🌿 https://greencivil.mk/ – за зелени теми (МК, АЛ, ЕН)
📚 Посетете ја ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА НА ЦИВИЛ
🔗 https://civilmedia.mk/digitalna-biblioteka/
🤝 ЦИВИЛ е организација ко-основач на Defending Democracy Global Initiative, како и на Westminster Alliance for Ukraine.
📖 Прочитајте повеќе: https://defendingdemocracy.global/