• Latest

Бесими: Буџетот во стабилна кондиција, со добар тренд на реализација на приходите, економската активност полека се враќа

March 2, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Буџетот во стабилна кондиција, со добар тренд на реализација на приходите, економската активност полека се враќа

March 2, 2021 13:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Буџетот е во рамки на проекциите. Тој е во стабилна кондиција и во ниту еден момент за време на кризата не била доведена во прашање ликвидноста на буџетот, а сите мерки што се преземени ја зголемија ликвидноста во економијата и ќе продолжиме со предлог-мерки за подобрување на кондицијата на економијата и годината да ја завршиме со позитивна стапка според планираното од 4,1 отсто.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими одговорајќи на новинарски прашања на средбата во Стопанската комора на Македонија.

-Буџетот е во рамки на проекциите и финансирањето на сите обврски е согласно планираното. Во февруари приходите се очекува да бидат подобри во споредба со минатата година, што значи има еден добар тренд на реализација на приходите што значи економската активност полека се враќа. Се надеваме дека таа проекција што беше и со донесување на Буџетот ќе се задржи и дека по вториот квартал економската активност полека да се врати на новата нормала, што значи да ја завршиме годината со позитивна стапка на раст како што имаме планирано од 4,1 отсто, изјави Бесими.

Потенцира дека она што е важно за јавноста е дека буџетот е во стабилна кондиција и дека во ниту еден момент во текот на кризата не била во прашање ликвидноста на буџетот.

– Сите мерки што ги презедовме ја зголемивме ликвидноста во економијата.  Ќе продолжиме со нив. Ги следиме и со сите наши проекции гледаме оваа година да заврши со позитивен економски резултат, што значи со раст на БДП. Ние нема да престанеме, постојано ќе следиме и ќе одиме со предлог-мерки за подобрување на кондицијата на економијата, рече министерот за финансии.

Во однос на издавањето на еврообврзницата, рече дека тоа е предвидено и во буџетот, каде е  дефинирано колку од буџетските расходи ќе се покријат со домашно задолжување и странско задолжување, но додаде дека имаме и обврски што доспеваат оваа година кои треба да се обноват и има и ново задолжување.

За тоа кога ќе се издаде посочи дека тоа се финансиски пазари и оти е важно тоа дека секој ден се менуваат, а секој функционер и секој граѓанин кои знаат што значат финансиите и што има влијание нивното мислење да имаат предвид дека секоја изјава и секој настан влијае на финансиските пазари.

Оцени дека е добро што е задржан кредитниот рејтинг на земјава, што, како што рече, се јасни пораки дека ние економијата ја држиме во добра кондиција и даваме перспектива за по пандемијата да имаме стабилен, одржлив и забрзан раст.

Во врска со препораката на Народната банка до банките да не исплаќаат дивиденда, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека не коментира  вообичаени одлуки што доаѓаат од тие кои би требало да го следат пазарот и дека Народната банка која донесе една таква одлука е можеби најсоодветно  да одговорат зошто нивната проценка е да бидат резервирани во однос на исплата на дивиденда.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ