• Latest

Бесими: До крајот на март првичниот драфт на Царинскиот тарифник, а идната недела драфтот за даночниот календар

March 2, 2021
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: До крајот на март првичниот драфт на Царинскиот тарифник, а идната недела драфтот за даночниот календар

March 2, 2021 12:27
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на март треба да излезе првичниот драфт на Царинскиот тарифник со одредени усогласувања на царинските стапки како што бараа компаниите, а драфтот за даночниот календар може да се очекува следната недела, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими на работната средба во Стопанската комора на Македонија.

Бесими нагласи дека земјава ќе треба да ги има во целост усогласено царинските стапки со оние на ЕУ кога ќе стане нејзина членка, но сепак ќе гледа и сега, во соработка со коморите, да дизајнира најсоодветен пакет.

-На 17 ноември на владина седница се формира работна група која е во постојана комуникација и со членки на коморите. Според динамиката, би требало до крај на март или евентуално една до две недели подоцна да има првичен драфт. Одиме со усогласување на номенклатурата, но и со тоа што беше барање на одредени инвеститори во однос на усогласување на царинските стапки. Имаме некои царински стапки кои се пониски или повисоки од оние во ЕУ. Ќе гледаме, во смисла на зголемување на конкурентноста, да ги усогласиме, напомена Бесими.

За драфтот за даночниот календар потсети дека е веќе споделен со стопанските комори.

-Ако се усогласи, веќе наредната недела може да го има објавено на веб страницата, истакна министерот.

На работната средба се дискутираа повеќе прашања битни за стопанството.

Како што потенцира претседателот на Комората, Бранко Азески, во моментов се клучни промената на Царинскиот законик, пара фискалните давачки и прашањето за холдингот кои десетина години беа табуа.

-Ние мандатот на оваа Влада го почнавме со лош резултат за нас и ние на секоја средба со Бесими го гледаме тој резултат. Од поднесените барања 50 отсто беа одбиени, а 10 отсто беа прифатени, но имаше појадок како утешна награда. Сега, на последната средба, немаше појадок, имаше само кисела вода, но барањата во однос на прифаќањето се 50:50, рече Азески.

Претходно, пред почетокот на дискусијата, вицепремиерот Фатмир Битиќи нагласи дека Владата продолжува со своето транспарентно работење и отворање на сите прашања, независно колку се „болни“ и тешки, а коморите ги гледа како нејзини партнери и како чинители во креирањето на политиките.

-Само со ваков пристап, преку партнерски односи и дијалог, можеме да постигнеме предвидливо деловно опкружување. Најважно е дека не постои табу, нема теми кои не можат да се отворат независно дали тоа бара еден, два, пет дена или илјадници состаноци. Мора да се седне, да се разговара за се и да се најдат решенија. Ги отвораме прашањата кои можеби повеќе од 10 години не беа отворени. Власта е отворена за сите прашања, а Министерството за финансии брзо реагира и носи законски решенија, подвлече Битиќи.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ