• Latest

Бесими најави предвидливост во даночната политика и задржување на данокот на добивка на 10 отсто

September 16, 2020

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими најави предвидливост во даночната политика и задржување на данокот на добивка на 10 отсто

September 16, 2020 12:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предвидливост во даночната политика – задржување на данокот на добивка од 10 отсто во следниот четиригодишен период, даночни бенефиции за извозниците преку нов закон за ДДВ, повластени стапки од 5 отсто за земјоделски производители и занаетчиите и подигнување на прагот за ДДВ обврзник на три милиони денари од 2022 година, најави министерот за финансии Фатмир Бесими за стопанството во својот четиригодишен мандат.

„Да гарантираме предвидливост во даночната политика, при што данокот на добивка да остане на ниво од 10  отсто во целиот период до 2024 година. Да го реконфигурираме данокот на додадена вредност преку серија мерки, започнувајќи со нов Закон за ДДВ кој ќе овозможи даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани, единствена стапка од 10  отсто ДДВ за сите ресторански услуги на што веќе интензивно работиме, ревидирање на стапките на ДДВ за суровините за домашните производители и намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании, намалување од 18 отсто на 5  отсто на данокот за занаетчиски услуги. Планирано е и подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 на 3 милиони денари годишен промет, почнувајќи од 1 јануари 2022 година и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет“, рече министерот Бесими.

Тој најави дека ќе се започне процесот на намалување на парафискалните давачки до 75  отсто од сегашното ниво и нивно нивелирање во согласност со големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори.

За домашните и за странските компании најави и директна поддршка од Владата во износ од 300 милиони евра.

„Да обезбедиме директна поддршка на домашните и странските инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација на очекувани 300 милиони евра од европските фондови. Да го зголемиме обемот на финансиска поддршка за домашните компании преку Планот за економски раст за 25  отсто секоја година, во споредба со претходната. Да формираме посебен еквити фонд како поттик за влез на странски инвестициски фондови“, истакна Бесими.

Тој додде дека ќе се посвети големо внимание на отчетно и транспарентно работење, а ќе се воведе и т.н. бела листа на даночни обврзници, односно компании кои редовно ги исплаќаат своите даночни обврски.

„Еден од главните столбови на овој систем мора да бидат транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. Транспарентност, изминатите години, е „клучен збор“ во политиката, но неговата реална вредност за јавните финансии е дека тоа е највисок степен на фискална контрола. Ние ќе ѝ ја дадеме релевантната информација на јавноста на едноставен и општо разбирлив начин, а јавноста ќе суди и цени дали тоа е вистинска, оправдана и легална одлука. Граѓаните се тие кои ги вработуваат пратениците, министрите и останатите функционери, граѓаните се тие коишто носат вредносен суд за нивната работа, како и за насоката во која ќе треба да дејствуваат институциите“, рече Бесими на денешната прес-конференција.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ