• Latest

Бесими: Не очекува уште една тешка економска година, но ќе успееме

January 5, 2021
Фото: Скриншот од видео на CNN

Обвинетиот за воени злосторства Нетанјаху го номинира Трамп за Нобелова награда за мир, недостасува уште Путин

July 8, 2025
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Израелскиот план за присилно преместување на населението од Газа „хуманитарен град“ е план за злосторства против човештвото, алармираат адвокати за човекови права и правни експерти

July 8, 2025

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NBC News

Најмалку 11 мртви и стотици уапсени во антивладините протести во Кенија

July 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Не очекува уште една тешка економска година, но ќе успееме

January 5, 2021 14:54
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Годинава нема да биде лесна од аспект на економијата, но  бројките од 2020 година не охрабруваат, бидејќи исправните политики, инклузивноста, соработката и партнерството со сите чинители во општеството покажа резултати и очекуваме тоа да продолжи и во наредниот период. Доказ за тоа се и јавните констатации од ММФ при последната мисија во земјава и задржаниот кредитен рејтинг“, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Како што посочи на прес-конференција во Владата, реализацијата на приходите во изминатата 2020 година е во рамките на очекувањата и е 96,7 отсто, кај даноците  и придонесите е реализирано 99,5 отсто. Кај даноците е реализирано 99,05 на годишно ниво, а кај придонесите 102,3 отсто во споредба со планот. Капиталните расходи и покрај кризата достигнаа ниво од 80 отсто на реализација во однос на планираното, вкупниот буџетски дефицит е 8,1 проценти наместо планираните 8,5 проценти.

„Изминатата 2020 година беше тешка, но успеавме и 2021 ќе биде тешка, но ќе успееме. Годината што помина беше исклучително тешка од здравствен, економски и социјален аспект во целиот свет и кај нас. Се случи најголемата светска економска криза и здравствена криза на светско ниво. Во 2009 година на светско ниво БДП контрахираше околу 0,1 процент, а во 2020 година 4,4 проценти. Кај нас во 2009 година имаше негативен раст од 0,4 проценти, а во 2020 година според планираното падот на БДП е 4,4 проценти што е околу 11 пати повеќекратен ефект врз нашата економија“, рече Бесими.

Со сите четири досегашни пакети на антикризни мерки, потенцира, во нашата економија се вбризгаа околу една милијарда евра за претходната година и за годинава што следи или околу 10 проценти од БДП.

„Обезбедивме директна финансиска поддршка за околу 500 илјади најпогодени граѓани од кризата, придонесовме за зачувување на преку 100 илјади работни места во преку 20 илјади претпријатија погодени од кризата со финансирање  на дел од платата двапати по три месеци во текот на годината. Обезбедивме и бескаматни поволни кредитни линии за мали и средни претпријатија, бесплатни тестови, издвоени беа средства за вакцини, за поддршка на медицинскиот персонал,… Позитивниот импакт од сето тоа што го правевме не охрабрува да делуваме и понатаму“, рече Бесими.

Ако падот во вториот квартал од 2020 година беше 14,9 проценти, додаде, во третиот квартал падот на БДП беше ублажен на 3,3 проценти.

„Бруто инвестициите кои во вториот квартал имаа пад од 34,4 проценти во третиот квартал имаа раст од 4,2 проценти споредено со 2019 година кога немаше Ковид. Бруто инвестициите, пак, бележат раст од 77 проценти што значи огромен и значаен одговор на приватниот сектор на кредибилноста на политиките на Владата. Падот на потрошувачката во третиот квартал е ублажен на само 1,2 проценти за разлика од падот од 9,1 отсто во вториот квартал. Тоа се должи на високиот раст на јавната потрошувачка во третиот квартал“, посочи Бесими.

Нагласи дека бројките во економијата се охрабрувачки и во четвртиот квартал од 2020 година и додаде дека во октомври извозот бележи раст од 5,6 проценти, искористеноста на капацитетите во преработувачката индустрија достигна ниво на 68,5 проценти во ноември и се доближува на процентот пред кризата кога била 71,4 проценти.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ