Зоран Бојаровски на својот Фејсбук профил објавил бесплатна лекција по македонски правопис од Ружица Пејовиќ, лекторка.
Да се запамети: Незнам се пишува одвоено, исто како и несери, пушиго, мршбе и крвда сереш.
Целадае!!!11 – исто така одвоено, три цели збора, а кога ставате извичници, клучен момент е прстот до крај да ви остане на копчето шифт, за извичниците да не станат кецови.
Цркни, Умри, Курво, Пичко, Гнасо, Пиздо, Гојдо, Педерашке, освен ако не се во иницијална позиција во реченицата, сите се пишуваат со мали букви, како и Гомно.
Исто и Кур.
Пичкесиматерине исто така одвоено, како и несамо и курвоедна, дати ебам (Сестрати, Мајкати, Женати, Ќеркати исто со мала и одвоено), ќете ебам, штоте ебам, пичкави матер, дави направат гробови, даве закопат (тука треба две а), све дати ебам педерско (све е српски збор, а треба и надреден знак), неси тачен, дати се намочам, ракда фатиш, курда јадеш, попот дати се потпише, гангрена дати фане раката АМИН, кај ќеви оди душата, засрамисе, ебисе.
Одвоени треба да бидат и конструкциите со кратка заменска форма туримте на колец од магаре, стави и го на мајкати во анусот (тука треба и надреден знак), а во просто-проширените реченици да и го опнат 100 црнци и на женати и на мајкати и иди бе во сто лепе пичке материна мора да пазите да има согласување по број на кратката заменска форма и придавката со именката.
Од друга страна, не писмени, не нормални, нај гнасно, се пишуваат споено зашто негацијата е со придавка, а личноглаголската форма во нејади гомна се пишува одвоено зашто е со глагол.
Во многу по ке си бистар ако главата ти ја наполнат со гомна компаративниот префикс мора да биде споен со придавката.
Звездата од Кутлеш се пишува со ѕ, а во подолги тиради секогаш е пожелно да се стави понекоја запирка, па и точка (особено на клетви, ако се подолга серија, мора запирки).
Во (пичкави) матрина додавајте е.
Во Со Госпот напрет во двата збора морате д на крај.
Овој Нарот исто, плус со мала буква.
Дроља е српски збор, фуј тоа, исто како и издајници, лопови и болесник.
Страм, страмно и застрамете се се пишуваат без т.
Офцо (сувопичеста) е со в, исто како и Заеф и беф.
Провлем е со б.
Оди скри се во некоја дупка се пишува со ј, како и пеачка, а Таја, Неја и Идијотка се без ј и со мала.
Швецка или Шветска се со дс.
Сакат ако е глагол множина е со две а, копилина, ѓубрина се со њ, хоштаплер е со уште едно х.
Жена да ебам твоја е погрешна конструкција, фалат и кратки заменски форми и удвоен предмет.
Химна се пишува со мала, а гоце делчев, питу гули, даме груев, сандански – со голема буква. зајко кукурајко треба со големи, Северџани со мала.
Циркуз бес пари и дате ебам у гс се со з, а Фејзбук обратно – со с (како и циркус).
Зборовните групи Стоко Цвикерашка, Платена Проститутке, Козо Грчка, Гнидо Бугарска, Племе Шиптарско, Гниди фашистички, Племе ретардирано, Изрод Татарски, Србска Бичка се со мали букви. Во последново поради едначење по звучност треба пс и иницијално п наместо б, а во да заборави леп да јаде!!11 треба б на крајот од именката. Од истата причина во Треба од кариерата да си се одкажеш треба т, инаку е бугарско.
Скопјанишчана е со мала буква, дека жители на град.
Шутрак, Тиквар, Сурко, Кокошкар, Црпнат, Копиле, Мочке Една, Крава Мочана, Изрод Лезбејски, сè со мала буква.
Вокативите Роспио, Ороспио, Сороспио, Орспио, Орспоо во сите верзии како општи именки со мала буква и со ј пред о на крајот од зборот.
Во Фамилија ти ебам бидејќи е да-конструкција додавајте да, во семето да ти се сотри курветино глаголот е од е-група и треба да завршува на е, а не на и, во аир да не видиш до 20 колено бројот е реден и треба -то или точка.
Толку засега.
Дали е јасно или да повториме?