Кумановчанецот смета дека не е проблемот што граѓаните не можат да донесуваат одлуки за локални проблеми, туку што проблемите настануваат затоа што граѓаните не живеат по правилата на Библијата.
„Што ќе одлучуваат? Животот е тежок, работа нема, без работа се прават пакости. Најдобро е верски да учат. Библијата е живот!“, вели кумановчанецот, одговарајќи на прашањето дали граѓаните можат да влијаат на донесување политички одлуки на локално ниво.
Б. Јордановска