• Latest
Биогасната електрана најголем чистач на органски отпад, во Сарамзалино отворен првиот ваков капацитет /Фото: МИА

Биогасната електрана најголем чистач на органски отпад, во Сарамзалино отворен првиот ваков капацитет

May 28, 2023

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Биогасната електрана најголем чистач на органски отпад, во Сарамзалино отворен првиот ваков капацитет

May 28, 2023 16:11
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Биогасната електрана најголем чистач на органски отпад, во Сарамзалино отворен првиот ваков капацитет /Фото: МИА

Биогасната електрана најголем чистач на органски отпад, во Сарамзалино отворен првиот ваков капацитет /Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Алтернативните и обновливите извори на енергија се единствениот пат не само кон почистa и поздрава околина без фосилни горива, туку се и императив за посигурна енергетска иднина. Земјава има голем потенцијал за производство на таква енергија, а покрај ветерните, хидро и соларните електрани изградија се и неколку биогасни електрани кои работат на целосно природни биолошки процеси за разградување органски отпад.

Струјата од биогасната електрана се добива од мотори со внатрешно согорување и генератори кои работат на метан кој пак се добива при дигестија од органски отпад, ѓубре од добиток, од земјоделски култири и др.

null

Од пред неколку месеци во Сарамзалино, општина Лозово, почна да работи биогасната електрана со најмодерна технологија „Био ентерпрајз“ која со инсталирана моќност од два мегавати на час треба да обезбеди струја за 3500 домаќинства. Електраната, која  е инвестиција на македонските компании Централ Инвест/Феро Инвест на Кочо Анѓушев, АСП-ПАК на Спасе Спасески  и Агриа груп на Перо Колески, почна да се гради во јули 2020 година.

null

При посетата на новинарите на електраната во Сарамзалино, сопственикот на Централ инвест Кочо Анѓушев појасни дека во Био ентерпрајз освен што се произведува стабилна електрична енергија, ќе се произведува и топлинска енергија која ќе може да загрева плантажи на шест хектари земјоделско земјиште и ќе произведува 40.000 тони природно земјоделско ѓубриво. Според него, обновливите извори за енергија или енергетската транзиција кон обновливи извори за енергија, е добра само до колку таквите извори за енергија се разноврсни.

-Не може да има енергетска транзиција ако имате само фотоволтаци или само биогасни електрани или само ветерни електрани или само хидроелектрани, бидејќи сите тие произведуваат електрична енергија во различно време од денот, годината итн, во зависност од условите. Единствено биогасната електрана може да произведува 365 дена, 24 часа. Практично комбинација на сите обновливи извори е единствена добра енергетска транзиција, вели Анѓушев.

Инвестицијата, како што посочи, е 12 милиони евра и на годишно ниво ќе произведува околу 17 милиони киловат часови, ќе менува 16.000 тони СО2, односно заштедува емисија од 16.000 тони СО2 или практично заменува 700 илјади дрва во шума коишто треба тоа СО2 да го прочистат.

null

– Биогасната електрана е најголемиот чистач на органски отпад во општеството. Значи се што е органско, и што може да се распадне, во биогасната електрана е гориво, и нус производ од оваа електрана е електрична енергија, чист хумус и течност за полевање на полињата како течност со хранливи материи  за земјоделието. Биогасната електрана практично е  најдобриот пример за циркуларна економија, она што го слушаме како дефиниција во општеството. Биогасната електрана може да апсорбира отпад органски од сите типови вклучително од житарици, силажа, отпад од свињарски фарми, краварски фарми ,млекарска индустрија, сурутка после правење на млеко, расипано млеко, отпад од винарии, отпад од фирми што произведуваат преработка на градинарски производи, на пример лушпите и семките од пиперите, се што е отпад од органска материја, вклучително и комуналниот отпад до колку тој може да се селектира во општините тој би можел тука да согори, појаснува Анѓушев.

Според косопственикот на електраната и сопственик на Агриа груп, основниот мотив било тоа што денес најголемиот проблем е загадувањето во државата.  Тој како најголем производител на свинско месо во земјава, појасни дека досега изметот од свињарските фарми го изнесувале на нивите да се суши, кој потоа го земале селаните да го расфрлат по посевите, а отсега тоа ќе биде организирано.

null

-Тоа беше основниот мотив што влеговме во инвестицијата и што мислам дека ќе дојде време кога ќе го решаваме и отпадот од кланиците. Во наредниот временски период ќе се реши и тој отпад. Сега не влегува, но тоа е во план, треба да се додадат стерилизатори во наредната фаза, се надевам во наредните година-две и со тоа ќе го решиме еколошкиот проблем барем во овој дел од државата, истакна Колески.

Спасе Спасевски од АСП ПАК од Охрид, како коинвеститор во проектот, вели дека органскиот отпад што го создава биогасната електрана на долг рок ќе го намали трошењето на минерални ѓубрива, бидејќи самото по себе е органско ѓубриво, а ние сме увозно зависна држава од минерални  ѓубрива. -Ова има двоен ефект, вели Спасески.

null

Според прирачникот на здружението „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој“, биогасот се создава кога органскиот материјал се распаѓа во бескислородна средина во присуство на микроорганизми. Процесот на распаѓање се нарекува анаеробна дигестија и природно се одвива во многу средини со ограничено присуство на кислород: на пример, во бари и мочуришта, во оризови полиња, но и во желудниците на преживарите.

null

Овој природен процес може да се искористи во постројките за биогас каде што се става органски материјал. Основен дел на постројката е некоја затворена комора или херметички затворен контејнер (или често наречен реактор – дигестор) во кој се одвива реакцијата на дигестија. Краен производ на распаѓањето е гас што може да гори наречен биогас и органски остаток во дигесторот кој содржи минерални материи и е погоден да се користи за наѓубрување како течно или цврсто биоѓубриво.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: биогасна електранаобновливи извориоргански отпад
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ