• Latest

Бислимоски: Помош за заштита од енергетска сиромаштија само за социјалните случаи и погодените од ковид кризата, оние што немаат проблем со плаќање не треба да добијат поволности

September 17, 2020
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Бислимоски: Помош за заштита од енергетска сиромаштија само за социјалните случаи и погодените од ковид кризата, оние што немаат проблем со плаќање не треба да добијат поволности

September 17, 2020 14:23
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Само ранливите категории потрошувачи да добијат поддршка за заштита од енергетска сиромаштија за да се намали ударот од последното зголемување на цената на електричната енергија. Оние што немаат проблем со плаќање на сметките не треба да добијат поволности, а да се најдат категориите ранливи во кои би биле вклучени социјалните случаи и граѓани погодени од ковид-кризата.

Ова го порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, денеска во одговор на новинарско прашање. Тој најави дека веќе се започнати преговори со синдикатите и невладиниот сектор што ги организира протестите против поскапување на цената на електричната енергија, и дека следниот состанок ќе се одржи наредната недела во проширен состав со вклучување на повеќе претставници од штрајкувачите.

-Вчера одржавме состанок со претставници на синдикати и ние како РКЕ се договоривме да им дадеме целосна логистичка поддршка во натамошни разговори кои би ги правеле со Владата во однос на зголемување на бројот на ранливи категории потрошувачи кои би можеле да користат дополнителни средства за заштита од енергетска сироматштија. Во текот на наредна недела ќе одржиме уште еден состанок на кој ќе бидат поканети и претставници од НВО кои пртоестираат, на кој уште еднаш ќе ги презентираме нашите видувања како овој удар од зголемувањето на цената на електрична енергија би бил што е можно помал врз граѓаните. При тоа, ние сме на став дека треба да се зголеми бројот на ранливи категории потрошувачи што треба да добиваат соодветна помош за заштита од енергетска сиромаштија, рече Бислимоски.

Вообичаено, додаде, тоа би биле социјалните случаи, но исто така и граѓаните кои имаат проблеми заради постојната ковид криза.

-Инсистираме тоа да се однесува исклучиво на потрошувачи што имаат проблеми, а за оние што немаат реално проблеми сметаме дека нема потреба да се обезбедува дополнителна помош за заштита од енергетска сиромаштија, истакна Бислимоски.

Според него, намалување на ДДВ не е опција бидејќи, како што рече, на тој начин би добиле сите категории потрошувачи, а не само ранливите категории потрошувачи.

-На тој начин би добиле и богатите кои реално немаат никакви проблеми за плаќње на сметките за електрична енергија. Имаме протести на кои се присутни и граѓани кои имаат екстремно скапи автомобили и сметам дека овие категории не би требало да добијат никакви поволности, рече Бислимоски.

Прецизира дека во наредниот период ќе разговараат и со претставници на Владата за намалување на ДДВ-то за струјата, но претходно, како што кажа ќе ги дорасчистат некои прашања со синдикатите и невладините организации кои се излезени на протести.

-Го оставаме нивното право на протест, но веруваме дека ќе најдеме заеднички прифатливо решение за најранливите категории потрошувачи, рече Бислимоски и додаде дека на наредниот состанок ќе присуствуваат претставници на сите невладини организации што ги организираат протестите.

Информира дека за професионалната работа добиле поддршка и потврда за стручноста на годишното собрание на Регионалната асоцијација на регулаторни комисии за енергетика и на состанокот на Бордот на регулаторни тела на Енергетската заедница.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ