• Latest

Битиќи, Форсгрен-Бенгтсон и Григорјан на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“

November 3, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи, Форсгрен-Бенгтсон и Григорјан на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“

November 3, 2021 12:12
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон и постојаниот претставник на УНДП во Скопје, Армен Григорјан, учествуваат денеска  на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“.

-Со 1,6 милиони долари досега се изготвени 58 квалитетни технички документации за проекти во 47 општини и два регионални центра. Сите овие проекти се подготвени за реализација, а за нивно финансирање ќе бидат потребни 126 милиони долари, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“.

Проектите, напомена Битиќи, ќе придонесат за подобар живот на граѓаните, а додадена вредност е што се зајакуваат капацитетите на локалните самоуправи.

-Идејата за проектот потекна од централанта власт која препозна недостиг на квалитетни технички документации на локално ниво. Мора да се посветиме на проекти за реалните потреби на граѓаните и тука нема компромис. Ваквиот тип структурна поддршка со која е подготвувана квалитетна техничка документација, се надевам дека ќе мобилизира повеќе инвестиции, нагласи вицепремиерот.

Тој подвлече дека останува владиниот приоритет за рамномерен регионален развој поради што продолжува изготувување и спроведувањето проекти за подобрување на патната и железничката инфраструкутра, водоводи и канализации, градинки, училишта, амбуланти,..

Битиќи најави и дека прв пат ќе се формира централна единица за мониторинг и спроведување капитални проекти која ќе гарантира нивно ефикасно спроведување.

Шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон ги поздрави ваквите заложби, нагласувајќи дека во Шведска се нагласува потребата од зелени инвестици.

-Кога видов кои проекти се поддржани, ми беше мило дека се многу различни – и во делот на физичката инфраструктура како патишта, транспорт, но има и инвестици од социјален аспект: училишта, градинки, амбуланти. Во Шведска ја нагласуваме потребата од зелени инвестици и енергетски ефикасни решенија како кај згради или еколошки извори на енергија, рече Форсгрен Бенгтсон.

Амбасадорката информира и дека шведската Влада усвои долгорочна седумгодишна стратегија, до 2027 година, особено за Западен Балкан и Турција, во која е опфатена и Северна Македонија.

-Шведска верува дека локалниот развој е клучен фактор за економски раст. Ќе продолжиме да соработуваме со државите во регионот, потенцира Форсгрен Бенгтсон.

На конференцијата се обрати и постојаниот претставник на УНДП во Скопје, Армен Григорјан кој истакна дека инвестициите во инфраструктурата се клучни за локален економски развој.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ