• Latest

Битиќи и Шукова на регионална конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“

May 23, 2023

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Битиќи и Шукова на регионална конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“

May 23, 2023 10:27
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Првата, можеби и најважна перспектива во трансформацијата на економиите е тие да вложуваат во креирање на производи кои имаат поголема долготрајност и истовремено да можат да се рециклираат за целиот циклус да биде одржлив. Клучен момент во овој процес е и нашето вложување во енергетска ефикасност и производство на енергија од обновливи ресурси. Забрзаното напуштање на фосилните горива е клучниот и највиталниот аспект на зелената транзиција. Ова вклучува проширување на употребата на соларна, ветерна и хидро енергија, како и инвестирање во енергетски ефикасни технологии и инфраструктура, иатакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во првата сесија „Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ на конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.

Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова нагласи дека евидентен е фактот дека живееме во свет во кој еколошката криза, глобалната геополитичка динамика, политичките турбуленции и тековната трансформација на моделите на производство и потрошувачка се алармантни.

„На глобално ниво се говори дека ова е крај на вообичаениот бизнис. Едноставно, не можеме да продолжиме со праксата која вклучува 30% од населението да биде без пристап до основните услуги за управување со отпад, а од друга страна со апатија да го следиме растечкиот број на диви депонии кои стануваат опасност за здравствената состојба.

Ние како Влада го препознаваме непотребното создавање на отпад при секојдневното консумирање на производи, како и финансиските, еколошките и социјалните трошоци на создавањето на непотребен отпад и потребата за соодветно управување со нашите лимитирани ресурси. Од тука првичен фокус ставаме на превенцијата – спречување на создавањето на отпад.  Донесен е и првиот „План за спречување на создавање на отпад на Република Северна Македонија за 2022- 2028“ со кој се демонстрира, на национално ниво, заложбата на земјата за намалување, од година во година, на количината на отпад што ја создаваме. Успешната реализација на овој план зависи од тоа дали ќе бидат покриени повеќе сектори и дејности, a планот треба да биде катализатор за развој на нови, иновативни партнерства помеѓу различните сектори што ќе бидат посветени на спречувањето на создавањето отпад“, рече Шукова.

 

Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ