• Latest

Битиќи: Посветени сме на реализација на „Зелената агенда“

October 4, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Битиќи: Посветени сме на реализација на „Зелената агенда“

October 4, 2021 20:08
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на отворањето на конференцијата „Забрзување на финансирањето на зелени проекти: Претставување на инструментот за Зелено финансирање“, при што истакна дека во оваа фаза на развојот на Република Северна Македонија неопходно е да се зборува за забрзување на „зелените финансии“ и за неопходноста од воведувањето различни финансиски инструменти што ќе водат до подобар исход за животната средина во државата.

-Дозволете ми да ги повторам позициите на Владата на Северна Македонија и уште еднаш да потенцирам дека нашата посветеност на „Зелената“ агенда е поголема од кога и да било досега, а со тоа и потребите за инвестиции се значителни на сите нивоа и во сите сектори. Ние, без сомнеж, сме целосно посветени на намалување на загадувањето, намалување на емитувањето на стакленичките гасови, зазеленувањето на нашата економија, особено преку намалување на нашата зависност од фосилни горива и фокусот на поефикасно користење на енергијата и во индустрискиот и во станбениот сектор, потенцираше Битиќи.

Вицепремиерот се осврна на енергетските политики во Северна Македонија, посочи дека тие се сеопфатни и бараат голема посветеност и работа во имплементацијата.

-Донесени се веќе неколку стратегии: за развој на енергетиката, енергетска ефикасност и обезбедување на стабилност во снабдувањето со енергија за сите. Започнавме голем инвестициски циклус за позелена иднина, обновливи енергетски извори и истражување на повеќе опции за снабдување со енергија. Сфативме дека инвестирањето е од клучно значење за да се постигне трансформација. Нашите ветувања, намери и планови се претвораат во дејства и во факти. Неодамнешното поднесување на нашиот унапреден „Национален придонес за климатските промени“, усвојувањето на Стратегијата за развој на енергиката и другите национални стратегии и планови усогласени со пристапниот процес на ЕУ и Зелениот договор, се наш начин за достигнување на нашите краткорочни и долгорочни цели, но исто така, горенаведените стратегии и пристапи јасно ја покажуваат решеноста на Владата да воспостави политики поврзани со енергијата и да преземе дејства како централна точка за декарбонизација и напори за зелено закрепнување, додаде вицепремиерот за економски прашања.

Битиќи подвлече дека спроведувањето на сите стратешки документи ќе покаже дека може да се одвои економскиот раст од емисиите на јаглерод и од неодржливите потрошувачка и производство.

-За да можеме да го направиме тоа, треба да ги преобликуваме нашите практики, да ги приспособиме и прошириме нашите традиционални финансиски пазари и алатки за финансирање, како и да ги вклучиме сите релевантни партнери и засегнати страни. Од друга страна, трошокот што ќе биде потребен за инвестирање во енергетската транзиција е повеќе од профитабилен и тоа во многу насоки: прво, заштита на здравјето на граѓаните и заштита на животната средина; второ, треба да се земе предвид дека Европската унија воведува данок за загадување од термоелектрани, на емисии на јаглерод диоксид со што, практично, се обесхрабрува производството на електрична енергија од конвенционалните фосилни горива и ќе придонесе кон тоа производството да биде поскапо отколку што е сега. Затоа, инвестирањето во обновливи извори не треба да се гледа само како трошок, туку и како заштеда и како инвестиција за иднината, за одржливост на општеството и за подобар живот на граѓаните, потенцираше Битиќи.

Финансискиот пејзаж ги става во фокус инвестициите во енергетската ефикасност, истражувањето, иновациите, конкурентноста и обновливата енергија, а тоа е одлична можност да се искористи спојувањето на јавните и приватните фондови.

-Во таа насока, ја цениме потенцијалната можност за партнерство со Заедничкиот фонд за одржливите цели за развој (Joint SDG Fund),  со агенциите на Обединетите нации – УНДП, Меѓународната организација за миграција и УНЕЦЕ, ЕБРД и 7 приватни банки од Северна Македонија во воспоставувањето на „Инструмент за зелено финансирање“. Механизмот за финансирање ќе служи за пример за тоа како различни партнери – јавни, приватни и меѓународни финансиски институции – може да ја комбинираат својата експертиза заедно и да ги спојат финансиите за забрзување на одговорот кон климатските промени. Тоа, исто така, ќе отвори нови, иновативни патишта за поттикнување на бизнис и станбените сектори и обновливата енергија што се користи таму, како и за усвојување на ефикасни технологии. И конечно, ќе креира нов модел за тоа како да се искористат инвестициите од приватниот сектор и да се стави во употреба владиното финансирање за стимулирање на пазарната реакција и поголемите инвестиции во еден заеднички приоритет. Поради тоа, силно го поддржуваме развојот на „Инструментот за зелени финансии“ и драго ми е што можам да кажам дека Владата има намера да придонесе со 800.000 долари кон овој инструмент, рече Битиќи.

„Инструментот за зелени финансии“, нагласи, треба да претставува систем од поврзана, взаемно засилена интервенција, наспроти повеќе паралелни интервенции што функционираат одделно. Овој инструмент ќе охрабри инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност, инвестиции во нови, иновативни решенија привлечни за пазарот истовремено зголемувајќи ја свесноста и негувајќи ја културата за одговорно производство и користење на енергијата.

-Горд сум на тоа што Владата на Република Северна Македонија игра значајна улога во создавањето и овозможувањето средина за инвестиции во енергетска ефикасност и обновлива енергија. Ја искористивме досегашната динамика за развој на овие пазари и ја надградивме; го препознавме потенцијалот на пазарната трансформација што го нуди овој проект. Решени сме да го поддржиме спроведувањето, притоа работејќи заедно со системот на ОН како наш сигурен партнер со цел да го оптимизираме пазарот на Северна Македонија за обновлива енергија врз основа на владината стратегија за енергија и клима. Со ова, би сакал да се заблагодарам на Заедничкиот фонд за целите за одржлив развој затоа што го разгледаа предлогот на Северна Македонија и за стимулирањето на развојот на финансиски инструменти што имаат потенцијал да ја унапредат агендата за финансирање на целите за одржлив развој, како меѓународната, така и регионалната за Југоисточна Европа и Балканот. Дозволете ми и да го истакнам важниот придонес што нашите партнери го дадоа на овој проект – тимот на ОН Северна Македонија и УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ, како и ЕБРД – партнери кои во овој проект ја донесоа својата огромна експертиза и чие знаење и посветеност ќе ни овозможат да го заживееме „Инструментот за Зелени финансии“, рече вицепремиерот на конференцијата на која беше претставен „Инструментот за Зелени финансии“ на „Заедничкиот фонд за целите за одржлив развој на ОН“.

На неа учествуваат и заменикот помошник генерален секретар на Организацијата на Обединети Нации и претседавач на Управувачкиот комитет на „Заедничкиот фонд за цели за одржлив развој (Joint SDG Fund)“, г. Хаолијанг Шу, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, Постојаната координаторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак, Постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакјан, Директорката на финансиските институции за Западен Балкан и Источна Европа на Европската банка за обнова и развој Александра Вукосављевиќ и други експерти од областа на заштита на животната средина и развојни „зелени“ проекти.

На отворањето на конференцијата воведно обраќање имаше и постојаната координаторка на ОН агенциите во Република Северна Македонија, Росана Дуџак, која посочи дека амбициозните планови на Владата за намалување на емисиите на стакленички гасови се добра основа за забрзување на вложувањата во изградба на обновливи извори на енергија.

-Северна Македонија започна многу амбициозен план за намалување на емисиите на стакленички гасови што е добра основа за забрзување на вложувањата во обновливи извори на енергија, со цел – намалување на емисиите на стакленички гасови од 51 отсто до 2030 година. Среќна сум што гледам и голем интерес во нови и разновидни финансиски инструменти, како и поврзување на финансии за да се привлечат повеќе инвестиции во “зелената агенда”, рече Дуџак додавајќи дека цел на оваа заедничка програма е токму тоа, да понуди еден таков финансиски инструмент – „Инструментот за Зелено финансирање“, кој нема да постои без цврстата заложба на сите партнери и за тоа сакам искрено да им се заблагодарам на сите што се вклучени.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ