„Преку развој на енергетскиот сектор Северна Македонија многу брзо може да прерасне во енергетски хаб на Балканот. Тоа е возможно преку диверзификација на изворите на енергија, односно создавање алтернативни и еколошки извори на енергија со кои нашата економија ќе ја подобри својата конкурентност но и трајно ќе го реши проблемот со енергетското загадување“, нагласи при своето гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, Звицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Вицепремиерот ја истакна важноста на сопственичкото учество на нашата земја во Александропулос гас терминалот, со што Северна Македонија ќе создаде нова енергетска перспектива и можности за замена на старите нееколошки извори на енергија.
„Нас ни е потребна зелена, еколошка енергија за чие производство не се користат горива кои загадуваат, како и постепено намалување на изворите на енергија кои се загадувачи“, посочи Битиќи.
Битиќи ја истакна и важноста на Коридорот 8 и железничкото поврзување со Бугарија и со Албанија како евтин алтернативен транспорт, кој значително ќе ја подобри конкурентноста на македонските компании, кои сега користат алтернативен авионски или бродски транспорт кој е многу поскап.
„Нашата иднина е во развојот на човечките ресурси, подобрување на транспортната инфраструктура и во развивањето на алтернативни зелени извори на енергија. Само така Северна Македонија може да креира дополнителна вредност и да има долгорочен одржлив развој“, потенцираше Битиќи.
.