• Latest

Битиќи: Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг од над 68%

July 25, 2024
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Битиќи: Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг од над 68%

July 25, 2024 15:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Предложениот ребаланс на буџетот, од страна на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, предизвикува голема загриженост и страв, и не само што не одговара на реалните  потреби на нашата економија туку е и крајно опасен за иднината на нашата земја. Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг, од над 68%,  рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на кој се расправаше за ребаланс на Буџетот.

– Со овој ребаланс јавниот долг ќе стане  „чудовишен“ сам по себе. Во делот на приходната страна на Буџетот, кај задолжувањата во странство од првично проектираните  728,6 милиони евра, има зголемување на нови 826,2 милиони евра и тоа е зголемување на јавниот долг кон надвор за околу 100 милиони евра, објасни Фатмир Битиќи .
Во своето обраќање Битиќи посочи дека во проектираниот раст на долгот не може да се препознаат парите од задолжувањето, кое, како што рече пратеникот на СДСМ, „пријателски премиерот ни го договори идните генерации да го отплаќаат кон Унгарија“. Тој предупреди дека јавниот долг ќе се зголеми далеку од проектираните 68% од БДП.
„Овој чудовишен јавен долг ќе отиде и далеку над 68% доколку до крајот на годината. И додека сум кај јавниот долг, да укажам и зошто министерката за финансии и премиерот имаа потреба од лажните политички сензационализми со квалификациите на работењето на владата предводена од СДСМ како „економија во клиничка смрт“, по се’ изгледа од ВМРО ДПМНЕ увиделе дека ако годинава ја „вметнат“ цела милијарда евра од унгарскиот заем, јавниот долг најверојатно ќе скокне до таван, односно ќе биде скоро 75% – па затоа „одлучиле“ тоа да го направат со 500 милиони евра годинава, па 500 милиони евра пред локалните избори“, рече Битиќи.
Битиќи предупреди дека со ребалансот освен што се зголемува задолжувањето кон странство, имаме и раст на долгот внатре во државата, пренесе прес службата на СДСМ.
„Бранот на задолжување е насочен и кон внатре. На приходната страна се предвидува зголемување на приходите по основ на задолжување од претходно предвидените  646,4 милиони евра, на нови 896, 3 милиони евра, односно околу 250 милиони евра ќе бидат заробени од државата од домашните комерцијални банките. Наместо да се води политика која ќе ги поттикнува домашните компании со лесен пристап до кредити од локалните банки, Владата ги “заробува” овие средства, создавајќи финансиска препрека за развој на приватниот сектор. Со оваа политика не само што ќе се намали финансискиот капацитет на банките да поддржуваат нови проекти и инвестиции, туку ги принудува и домашните компании да се задолжуваат во странство, под услови кои се договорени вонсистемски, во четири очи, а којзнае, можеби и на други места. Во предложениот ребаланс може да се препознаат и други прераспределби кои ќе го зголемат притисокот на компаниите своите инвестиции и развој да ги реализираат преку унгарскиот кредит“, рече Битиќи.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    158 shares
    Share 63 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ