• Latest

Битиќи: Со Стратегијата за „паметна специјализација“ ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој за побрз и одржлив раст на економијата

December 17, 2021

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Со Стратегијата за „паметна специјализација“ ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој за побрз и одржлив раст на економијата

December 17, 2021 14:06
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Стратегијата за „паметна специјализација“е особено важна за нашата држава, бидејќи со неа ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој, кои ќе станат поддршка односно драјвери за сите други сектори во економијата, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешниот работен состанок за Стратегијата за „паметна специјализација“.

На состанокот на кој учествуваа и министерката за образование и наука Мила Царовска, државната секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ, замениците амбасадори на Германија и Швајцарија и претставници на делегацијата на ЕУ во Скопје, резидентниот претставник на канцеларијата на Светска Банка и претставници од бизнис и академската заедница и од граѓанскиот сектор, Битиќи нагласи дека процесот за подготовката на Стратегијата за „паметна специјализација“ започна во март 2018 година, посочувајќи дека тоа е долг и комплексен процес, кој бара соработка помеѓу повеќе чинители.

– Доказ за тоа колку е широка оваа соработка е и составот на денешниот состанок со претставници од владините министерства, донаторската заедница, приватниот бизнис секторот, академијата, граѓанскиот сектор. Се надевам дека на овој начин со целосна посветеност на сите инволвирани ќе се спроведе наредната фаза на подготовката на Стратегијата, односно процесот на претриемачко откривање. Ова е можеби најважниот чекор, со кој преку активна соработка и учество на сите чинители во серијата состаноци на специфичните работни групи по области кои треба да се одржуваат почнувајќи од јануари 2022, ќе успееме да ги дефинираме секторите со најмногу потенцијал за истражувања, иновации и развој. На оваа фаза и претходеше мапирањето на економскиот, иновативниот и научниот потенцијал во Северна Македонија кој започна во февруари 2019 година, и тоа преку квантитативна анализа која потоа беше валидирана во текот на 2020 и 2021 година со квалитативна анализа на потенцијалите, посочи вицепремиерот.

Битиќи дополни дека Стратегијата за „паметна специјализација“ ќе биде замена за две други стратегии, кои досега ги дефинираа правците за развој на земјата, и тоа Стратегијата за конкурeнтност и Стратегијата за иновации. Стратегијата за паметна специјализација ќе биде интегрирана и во идната Национална развојна стратегија, во кохезија и со индустриската политика во земјата, додаде вицепремиерот.

– Од досегашните процеси се издвоија како потенцијални приоритети областите на паметно земјоделство и прехранбена индустрија, електро, машинска и метална индустрија, ИКТ како посебна индустрија (по вертикала), но и со хоризонтално значење, како поткрепа за дигитализација на економијата и општеството воопшто, паметните згради и одржливи материјали, вклучувајќи го и концептот на циркуларна економија. Воедно, тука се и два хоризонтални сектори: енергетика со екосолуции, обновливи видови енергија, енергетска ефикасност, навлегувајќи во сите сегменти и поттикнувајќи зелена транзиција и туризмот“, потенцираше вицепремиерот Битиќи.

Министерката Царовска во своето обраќање нагласи дека очекувањата на државата од Стратегијата се многу големи, бидејќи таа не е важна само за оваа или за наредната влада, туку е важна за развојот на државата, кој мора да се потпре на стратешки приоритети, заеднички утврдени меѓу компаниите, високообразовните институции, министерствата, научната заедница и невладиниот сектор.

– Само преку утврдувањето на стратешките приоритети можеме да искреираме реална економска визија којашто понатаму ќе резултира со економски раст и развој. Без ваков стратешки документ државата не може да донесе заклучок на што треба да се фокусира во вложувањата во науката, нагласи Царовска.

Државната секретарка во Министерството за економија, Чекиќ Дуровиќ, во својата дискусија посочи дека еден од основните предизвици на секоја национална економија е како до поголем економски раст и како да се поддржат и искористат потенцијалите и конкурентните предности на сите чинители во економијата.

– Создавањето на економија базирана на знаење и иновации на преден план ја става силната врска меѓу академијата и бизнисот. Паметната специјализација претставува пристап на интегрирана економска трансформација која се базира на специјализација во одредени приоритетни области, преку  искористување на постојните потенцијали во економијата, иновациите и науката, а има за цел да изгради компаративни предности со поврзување на истражувачките и иновативните сили за потребите на економијата. Паметната специјализација, како политика е во корелација со индустриската политика, стратегија за развој на мали и средни претпријатија, стратегијата за иновации, конкурентност, регионален развој, стратегијата за образование и развој на вештини, како и повеќе секторски стратегии, рече Чекиќ Дуровиќ. сп/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ