• Latest

Битиќи: Владата обезбеди директна финансика поддршка за „ивент“ индустријата за организирање настани од јавен интерес

April 12, 2021
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Владата обезбеди директна финансика поддршка за „ивент“ индустријата за организирање настани од јавен интерес

April 12, 2021 20:24
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека Владата обезбедила средства за организација на поголем број настани од јавен интерес, за чија реализација би можело да бидат ангажирани компании од таканаречената „ивент“ индустрија со што би им се помогнало да го пребродат периодот кога се организираат помалку настани поради пандемијата. Овие компании, вели Битиќи, не се исклучени ниту од досегашните мерки за поддршка, ниту од петтиот пакет што треба наскоро да биде донесен. Исто така, ним им се достапни и средства од бескаматни кредити од Развојната банка, кои, како што рече, под одредени услови би можеле половина да станат грант.

Битиќи истакна дека решение за прашањето на поддршката на овие компании има и оти само на него на еден начин гледа Владата, на друг начин претставниците на овие компании, кои денеска организраа протест со барање за поголема поддршка од Владата.

-Не мислам дека нема да се најде решение. Ние решенијата секако ги имаме. Единствено ги гледаме различино од различни аспекти. Компаниите кои организираат настани никогаш не биле изоставени од мерките во сите пет пакет мерки. Беа вклучени во ослободување од даночни аконтации на данок на добивка, беа вклучени во ослободување од данок на личен доход, имаа можност за апликација на кредити без камата од Развојната банка, а имаа можност и за субвенционирање на плати, рече Битиќи во гостување на ТВ Сител.

Во врска со најавата дека државата има обезбедено еден милион евра неповратни финансиски средства за организација на најмалку 40-тина настани од јавен интерес, како на пример јубилејот 30 години независност на државата, Битиќи вели дека тоа е одлична можност компаниите да бидат поддржани и платени за организацијата без да мислат за профитабилност на настанот.

-Оваа индустрија никогаш со уредба, ниту со закон не беше затворена. Тие имаа протоколи за работа и организирањето настани под тие услови ја доведува во прашање рентабилноста. Ние сме свесни за тоа и затоа креиравме нова мерка во петтиот пакет во која велиме – ќе ви понудиме можност вие да креирате содржина и за тоа да бидете соодветно платени, без притоа да внимавате на прагот на рентабилноста, рече вицепремиерот.

Целта е, како што посочи, да се поддржат компаниите да продолжат да работат, да се поттикнат да го прифатат предизвикот да се прилагодат на променетите услови и да го искористат својот креативен капацитет за да креираат содржина.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ