• Latest

Битиќи: За четири години бројот на вработени порасна за 60.000 лица, а просечната плата за 6.000 денари

July 5, 2021
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: За четири години бројот на вработени порасна за 60.000 лица, а просечната плата за 6.000 денари

July 5, 2021 20:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во последните четири години вкупниот број на вработени лица во земјава се зголеми за 60.000, а просечната плата порасна од 22.000 на 28.000 денари, изјави вечерва вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

„Во изминатите четири години од владеењето на СДСМ за 60.000 лица е зголемен бројот на осигуреници. Тоа значи дека вкупниот број на вработени расте“, изјави Битиќи гостувајќи во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24.

Тој појасни дека во времето кога ВМРО-ДПМН беше на власт во земјава имаше 730.000 вработени, а сега тој број изнесува 790.000.

„Ако некој е против граѓаните да живеат подобро нека му служи. Ако некој вели дека 9000 е добра плата, тоа е нивна политика, тоа не може во време на СДСМ, бидејќи ние сакаме граѓаните да живеат достоинствено“, рече Битиќи во дебатната емисија со Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Битиќи, важно е што граѓаните во изминатите четири години добиваат поголема минимална плата која од 9.000 денари во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власта, сега е зголемена на 15.240 денари.

 

– За четири години и просечната плата порасна од 22.000 на 28.000 илјади. Моите сограѓани добиваат повеќе пари, дополнително секој еден денар кон привлекува инвестиции, истакна Битиќи, додавајќи дека без разлика станува збор за домашни или странски инвеститори, тие ќе може да добиваат субвенции само ако даваат плата над 22.500 или во спортивно нема да бидат субвенционирани.

Димитриеска-Кочоска возврати дека власта вештачки ја зголемува минималната плата и со тоа го загрозува стопанството, тврдејќи дека просечната плата пораснала затоа што луѓето со нископлатени работни места останале без работа.

„Владата манипулира со просечната плата преку начинот на пресметка, бидејќи изгубените нископлатени позиции доведоа до зголемување на просечната плата, како на пример во индустријата, во рударството, вадењето на камен…, каде се намалил бројот на вработени, а истото е и во преработувачка индустрија“, изјави Димитриеска Кочоска.

Битиќи од своја страна истакна дека власта успеала да спаси 80 илјади работни места, за што биле искористени 4,2 опроценти од БДП.

„Откако почна кризата, на 25-ти секој месец 350 илјади пензионери земаат пензија на време, по 12 илјади денари земаат примателите на социјална помош, а имавме и дополнителни мерки и пакети за полесно да ја поминат пандемијата“, додаде Битиќи.

Димитриеска Кочоска обвини и дека власта со буџетскиот ребаланс повторно предлага огромен буџет, во кој „единствените приходи што ќе се остварат ќе бидат преку поскапувања, како што е еколошката такса“ и сето тоа „на сметка на граѓаните кои ќе имаат поголеми трошоци“.

„Во период на криза зголемија еколошка такса. Викаа дека нема да има покачување на струјата, ама таа поскапе 12,5 проценти“, додаде Димитриеска Кочоска.

Вицепремиерот Битиќи возврати дека на глобално ниво еден од клучните предизвици во 2020 и 2021 година е справувањето со пандемијата и економските последици.

„Тоа што треба да се знае е дека цената ќе ја платиме сите, бидејќи поскапуваат сите ресурси и тоа не е поради националните влади. Неминовно е одредено поскапување во одредени сегменти. Кај нас минатата година имавме 40 проценти пониски цени. Се уште плаќаме евтини ресурси во споредба со другите земји. Струјата и нафтените деривати се меѓу најевтините кај нас“, рече Битиќи.

Тој истакна дека во моментов одредени економски показатели се подобри и од оние во 2019 година, како што е индустриското производство, што укажува дека економијата заздравува.

„За 9,8 проценти е зголемувањето по основ на данок на личен доход во однос на минатата година, односно 5,85 отсто од данокот на добивка“, потенцира Битиќи.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ