• Latest

Бизнисмените бараат даночен календар и сузбивање на сивата економија

October 8, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бизнисмените бараат даночен календар и сузбивање на сивата економија

October 8, 2019 12:18
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Воведување „даночен каландар“ кој за бизнисот ќе обезбеди попредвилива деловна клима, како и намалување на сивата економија, отстранување на недоследностите од законите за извршување и за холдинг друштва, побараа бизнисмени од Стопанската комора на Македонија  денеска на средба со министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Имаме пет барања коишто се однесуваат на клучни прашања што биле третирани во изминатиот период, за Законот за холдинг друштва, за член 218 од Законот за извршување, за признанените расходи, имаме иницијатива којашто се однесува на плаќање на ДДВ и негово враќање при влез на суровините. Ќе разговараме за овие прашања коишто биле континуирано третирани во изминатиот период како и што може да се направи затоа што тоа ќе донесе бенефит за целата економија, ќе дојдат нови инвеститор,и а и домашните ќе се охрабрат да инвестираат, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

За бизност голем проблем е член 218 од Законот за извршување, којшто, истакна Азески, фаворизира државата односно  локалните самоуправио да го утврдат минимумот над кој не можат да бидат извршени побарувања на фирмите. Неприфатливо е и одложувањето за три години на Законот за холдинг,   а со министерката го отвораат и прашањето за воведување фискален совет што треба да одржи баланс во јавните финансии.

Според Ангеловска, има добра волја за прифаќање на даночниот календар, иницијатива којашто ќе значи предвидлива околина и стабилност за бизнисот и со што ќе може однапред да ги планира своите активности без да се прават нагли промени коишто ќе влијаат на пример во нивното планирање  за следната година. – Тоа значи барем  шест месеци однапред да му дадеме време на бизнис секторот да се подготви за промените за да може да ги испланира за следниот период, рече Ангеловска.

Таа најави дека Министерството за финансии следната недела ќе воведе он лајн можност за поднесување предлог иницијативи од стопанските комори и целиот приватниот сектор во насока на намалување на административните процедури и забрзување на процесите.

– Иницијатива само како желба не е доволна за да можеме детално да ја разгледаме и да делуваме. Зборуваме за пропишан формулар за тоа кој ја поднел иницијативата, на кои сектори ќе делува, која е компаративната анализа о како се адресира во други земји, што ќе значи за бизнисот и од  фискален аспект. Сите работи ќе бидат преточени во он лајн форма затоа што сметам дека имаме огромен неискористен потенцијал во технологиите за да ги намалиме административните процедури и да функционираме побрзо, изјави Ангеловска.

Во приотетите на Министерството за финансии, како што потенцираше, ќе биде и намалување на сивата економија со конкретни мерки и предлози. Мал дел од нив, укажа, беше апликацијата „Мој ДДВ“ и веќе се работи на негово унапредување заедно со Управата за јавни приходи.

– Кога зборуваме  за сива економија треба да знаеме дека и граѓаните и бизнисот треба да  почувствуваат дека функционираат во праведен систем каде што гледаат дека сите си ги плаќаат давачките. Не може да очекуваме  кога ќе се зголемат даноци или ќе се воведе што било граѓаните да го дочекаат тоа со раширени раце ако  гледаат  дека некој друг не ги плаќа давачките.  Фокусот тука ќе биде да се внесат во системот оние коишто се во сивата економија, често  се разговара дека е од 20 до 40 проценти, изјави Ангеловска, посочувајќи дека сивата економија не е само на на пазарот на труд туку и во електронска трговија, нерегистрираната дејност…

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ