• Latest

Благо зголемување на несреќите на работа, законските измени недоволни

May 24, 2018
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Благо зголемување на несреќите на работа, законските измени недоволни

May 24, 2018 09:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Последниот извештај за несреќи при работа што години наназад го изработува Македонското здружение за заштита при работа потврдува дека се уште се гине на работното место. Дваесет и четирите регистрирани случаи со смртни последици на работното место во 2017 година покажува дека има благо зголемување на бројот на несреќи што го иницира размислувањето дека е потребно да се стори дополнително нешто на ова поле.

Прашањето кое се наметнува е дали треба да се пристапи кон измени и дополнувања на постојниот Закон за заштита и безбедност при работа, што е донесен пред 11 години и во изминативе години претрпе 10-тина измени или да се изготви сосема нов закон. Освен ова, треба да се работи и на зголемување на јавната свест кај работниците и работодавачите за безбедноста и здравјето при работа, а има и размислувања дека е потребно вклучување на безбедноста и здравјето при работа во образовниот процес, минимум од средното образование.

Професорот по трудово право Агим Шаќири неодамна во дебата истакна дека од одредени измени произлегуваат потешкотии за нивно спроведување, од друга страна, пак, со ревидирање на Законот тој треба да се ослободи од многубројни одредби што по својата природа и содржина уредуваат управна постапка.

Од Македонското здружение за заштита при работа велат за МИА дека зголемениот број на несреќи при работа со смртен исход, потврдува дека целиот систем некаде потфрлува и нагласуваат дека сите страни вклучени во обезбедувањето на безбедни работни услови имаат обврски, секој во својот домен, да се грижат за имплементацијата на безбедноста и здравјето при работа.

– Се чини, како да се избега од основната цел на Законот- поттикнување на превентивната култура. Од друга страна, потребно е да нема различно толкување и да се овозможи практична применливост. Да се разгледаат особено одредени измени што се дискриминаторски кон одредена целна група студенти, царина итн. Потребно е вклучување на безбедноста и здравјето при работа во образовниот процес, минимум во средното образование со цел покревање на јавната свест, зголемување на свесноста кај најмладите за можните ризици на работното место. Со таа цел, неодамна, по повод одбележување на 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Македонското здружение за заштита при работа организираше трибина каде главни говорници беа средношколци од стручни училишта, претставници од студентски организации. Генералниот заклучок беше дека потребна е едукација од најрана возраст, поголема застапеност во образовниот процес, да се организираат повеќе вакви дискусии каде ќе се говори за значењето на оваа област, посочуваат од здружението.

Оттаму истакнуваат дека работодавачите треба континуирано да ја подобруваат безбедноста на работа, работниците да ги применуваат безбедносните практики на работење, а инспекциските служби да вршат инспекциски надзори согласно законската легислатива.

– Голем дел од работодавачите, се уште, сметаат дека вложувањето во безбедноста и здравјето при работа е трошок и немаат практика за проектирање на буџет. Работниците треба да ги применуваат безбедносните практики на работење, доколку им се дадени соодветни безбедносни уптаства, да користат соодветна лична заштитна опрема секако доколку им е доделена, да одбијат дури и да работат на небезбеден начин, секако доколку се обучени да препознаваат ризици итн, инспекторите да вршат инспекциски надзори согласно законската легислатива и тоа без исклучок/привилегии без разлика на ограничените човечки и технички ресурси за што секако државата треба да превземе мерки. Професионалците/стручните лица за безбедност при работа, професионално да си ја вршат својата работа, препорачуваат од Здружението.

Магистер Снежана Јанкова Петковска, стручно лице за безбедност при работа и член на Македонското здружение за заштита при работа, укажува на тоа дека е потребно да се зајакне улогата и учеството на вработените во безбедноста и здравјето при работа на ниво на компанија.

– Во голем број компании, вработените не знаат кој е нивен претставник. Потребно е да се одржуваат редовни состаноци каде што самите тие ќе ги преточат идентификуваните можни ризици и опасности, ќе даваат предлози за нивно надминување. Тоа би било можно уредено преку одбори на ниво на компанија. Без информиран, консултиран, обучен и мотивиран работник нема успешен правен субјект, вели Јанкова-Петковска.

Владата најавува подобрување во делот на безбедноста и здравјето при работа

Од Владата велат дека прашањето за безбедност и здравје на работа е едно од приоритетите поради што е донесена Стратегија за безбедност и здравје при работа до 2020 година и усвоен е Акциски план за нејзино спроведување во кој е предвидено и изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа.

Од Министерството за труд и социјална политика, кое е надлежно за оваа област, истакнуваат дека во тек е анализа со која треба да се детектираат проблемите.

– Во тек е анализа, која е поддржана од Меѓународната организација на трудот, со вклучување на домашни и меѓународни експерти, во која треба да се детектираат проблемите, со цел да се пристапи кон подобрување на условите на работните места заради намалување на опасноста од ризик. Притоа ќе се земат предвид досегашните решенија и предлози за решенија кои ќе допринесат до обезбедување на здрава и безбедна средина за попродуктивни работници и економски раст. Во процесот на подготовка на Законот, ќе бидат вклучени сите засегнати страни, вклучувајќи ја бизнис заедницата, експертската заедница, граѓанскиот сектор, професионални асоцијации и сл, се вели во одговорот од ресорното Министерство.

На прашањето дали сметаат дека е подобро да се направат измени на постојниот закон или да се пристапи кон подготовка на сосема нов закон, оценуваат дека за нив во овој момент е посоодветно да се подготви нов закон кој ќе биде јасен, концизен и ќе ги уреди сите прашања, а којшто ќе биде усогласен со законодавството на Европската унија и со конвенциите на Меѓународната организација на трудот.

Скопје, Куманово и Штип со најмногу несреќи на работното место 

Податоците од годинашниот извештај на Македонското здружение за заштита при работа покажуваат дека во Македонија се случиле 158 несреќи на работа и оти стапката на смртни случаи изнесува 3,22 и е зголемена во споредба со 2016 година кога изнесувала 2,62.

Во споредба со Велика Британија каде стапката изнесува само 0,5, Македонија има прилично висока стапка на фатални несреќи при работа.

Интересно е и тоа што во 70 проценти од градовите во Македонија лани се случиле несреќи на работа, а најмногу од нив во Скопје по што следуваат Штип и Куманово. Во овие три градови се евидентирани и најголемиот број на несреќи со смртни последици.

Најмногу на работното место се повредуваат вработените на возраст од 25 до 34 години, додека лицата од 45 до 54 години се оние кои најчесто гинат на работа.

Според податоците од извештајот, се уште, мажите повеќе страдаат на работното место, но зголемен е и бројот на жени кои во 2017 година загинале на работа. Така, лани пет жени загинале на работа во споредба со 2016 година кога е евидентиран еден ваков случај.

Понеделник и четврток се посочуваат како денови кога се случиле најголем број на повреди и несреќи на работното место, а април е месецот со најголем број несреќи, додека во октомври се случиле најмногу несреќи со смртни последици.

Билјана Анастасова-Костиќ (MIA)

Tags: владаевиденцијазаштитанајаванесреќи на работно местоподобрување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ