• Latest

Блажевски: Не чувствувам никаква одговорност

April 2, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Блажевски: Не чувствувам никаква одговорност

April 2, 2018 15:06
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Јас сум авторот на тие две песни, како и на други песни што не се објавени во јавноста. Бев во можност да учествувам на тој конкурс под туѓо име, затоа што го исполнував само едниот услов, а тоа беше да немам објавено своја збирка поезија. Вториот услов беше да биде млад човек до 29 години и затоа песните ги пуштив на име на мој пријател кој за тоа беше консултиран“, вели Александар Блажевски за ЦИВИЛ Медиа, кој се произнесе како автор на двете спорни песни објавени во стихозбирката „Млади поети“, на кои како автор е потпишано друго лице. 

Според информации со кои располага ЦИВИЛ Медиа, Блажевски работи како волонтер во Општина Ресен, а претходно бил професор по математика во ОУ „Гоце Делчев“, Ресен.  Неговата работа во училиштето прекинува поради проблем во комуникацијата со децата.

„Дефинитивно не ги сметам за скандалозни моите песни. Ги сметам за нешто најнормално нешто што треба да се каже во јавноста и да посочи на општествени проблеми, дека не се работи за мртва уметност, литература, неважни проблеми, туку за проблеми што се во фокусот на едно комплицирано општество какво што е нашето мултиетничко македонско општество“, ни рече Блажевски, одговарајќи на прашањето дали смета дека скандалот е оправдан и која е всушност порака што сакал да ја пренесе.

Блажевски не чувствува одговорност и смета дека единствениот проблем лежи во државните пари потрошени за издавањето на оваа збирка поезија.

„Говор на омраза дефинитивно нема во моите песни. За тоа се консултирани правници што имаат докторат на науки. Јас не чувствувам никаква одговорност, затоа што јас песните секако ќе ги објавев под свое име. Во таа Агенција за млади и спорт можеа само да ги цензурираат и да ги тргнат. Мене никој не може лично да ми забрани на мој трошок да ги објавувам. Фокусот на тие што се бунеа не беше за содржината, туку зошто било со државни пари финансирано, а не била објавена како приватна стихозбирка која би била игнорирана“, изјави Блажевски.

Според разговорот со Блажевски, може да се заклучи дека тој не чувствува никаква одговорност по прашањето за говорот на омраза и за импликациите што произлегуваат од неговото јавно признавање како автор на песните.

„Идејата беше да се најдат мои песни во таква збирка што би ја читала публиката од Македонија. Јас прифаќам одговорност, меѓутоа нема според кој закон и кој член од законот да прифатам одговорност, затоа што го разгледував законот за навреда и клевета во кој, според  член 7 тие кривични дела не се однесуваат на уметничко творештво, туку на некоја поексплицитна навреда кон некое конкретно лице искажана во јавноста“, рече Блажевски, по што одеднаш го прекина разговорот.

Биљана Јордановска

Tags: Александар БлажевскиАМСМлади поетискандал
Share35TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ