Камерите на ЦИВИЛ МЕДИА забележаа уште една „хумана“ димензија на протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на електричната енергија. Колоната од претежно луксузни автомобили накитени со партиски симболи и слогани против сиромаштијата блокираше едно амбулантно возило кое имаше тешкотии да се пробие меѓу возилата што блокираа.
„Совесните“ возачи на „скромните автомобили“, сепак, притрчаа и ја деблокираа улицата, по што задоволно се оддалечија од местото на настанот.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети