• Latest

Бочварски: До крајот на годината ќе се реализираат 80 проценти од капиталните инвестиции

December 23, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: До крајот на годината ќе се реализираат 80 проценти од капиталните инвестиции

December 23, 2020 13:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски очекува до крајот на годинава да бидат реализирани 80 проценти од капиталните инвестиции на Министерството.

На денешната прес-конференција на која се осврна на реализираното во првите 100-тина од новата Влада, Бочварски посочи дека и во услови на здравствена криза, проектите не се забавени, туку се реализираат со уште поголем интензитет.

– Влеговме во еден период каде пандемијата од корона кризата имаше силно влијание врз динамиката на изградба на капиталните проекти, но со посветена работа и добро менаџирање, не дозволивме тие да запрат. Министерството за транспорт и врски и во услови на оваа здравствена криза, и понатаму останува мотор на домашната економија. Проектите што ги реализираме, не само што не се забавени, туку во овие 100-тина дена од новата Влада, добија уште поголем интензитет, рече Бочварски.

Показател за тоа, како што истакна, е растот на градежниот сектор во третиот квартал за 3,4 процентни поени, како и фактот што во речиси сите градежни компании нема отпуштање на работници.

За следната година најави интензивирање на градежните работи за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско, а информира дека се завршени и сите пропуштени проекти за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

– Ги завршивме сите нови проекти што беа пропуштени при изградба на автопатот Кичево-Охрид. Дури 25 проценти од трасата се препроектираше. Сега имаме чист проект, чист фронт за работа и забрзана динамика на работите. Околу 350 милиони евра до сега се инвестирани во овој проект, истакна Бочварски на прес-конференцијата во Владата.

Продолжува и изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш во вредност од над 42 милиони евра. Првата фаза, како што информира министерот, е при крај и пред рокот односно пред април следната година се очекува да се заврши овој патен правец.

Според презентираното на прес-конференцијата, забрзани се и активностите на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.

– Онаму каде што се јавија одредени проблеми со изградбата ги надминавме и оваа патна врска од Коридорот 8 продолжува забрзано да се гради, истакна Бочварски.

Во патната инфраструктура најавена е и силна градежна офанзива во општините каде ќе се планирани реконструкции на локални патишта.

Во делот на железничкиот сообраќај комплетно е завршена изградбата на пругата Битола-Кременица, инвестиција од 21 милион евра. Извршен е технички прием и во тек е постапката за издавање на употребна дозвола и ставање во функција.

За пругата кон Бугарија, односно делницата Куманово-Бељаковце, министерот Бочварски информираше дека надзорниот инжењер пред неколку дена го доставил финалниот извештај за извршените работи од фирмата што го напуштила градилиштето.

– Потребно е да се распише тендер за доизградба на уште 46 проценти незавршени работи, односно веќе најавивме дека во една јавна постапка ќе ги тендерираме првата и втората фаза од пругата. Очекувам веќе првиот квартал од следната година да се распише тендерот, рече Бочварски.

Во секторот за комунална инфраструктура се работи на преку 20 проекти за изградба и реконструкција на канализациска и водоводна мрежа, а најавени се и нов Закон за градење и изградба на нови социјални станови во градовите низ државата.

– Ова се само дел од проектите што ги работиме во изминатиот период.  Не очекува 2021 година, година со многу предизвици на сите овие проекти и уверувам дека овие капитални инвестиции ќе се работтат со поголема динамика. Финансиски средства се обезбедени за сите проекти, очекуваме и намалување на притисокот од ковид пандемијата, така да имаме фронт за работа и силно продолжуваме со реализација на сите зацртани капитални проекти, потенцира министерот Бочварски на денешната прес-конференција во Владата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ