• Latest

Бочварски: Сакаме поширока дискусија за носење на новиот закон за легализација на дивоградбите

March 2, 2021
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Уставен суд им одговори на независните кандидати: Суд може да оцени уставност на закон, а не на Предлог -законите

July 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Дали по „раскинувањето“, Трамп ќе го депортира Елон Маск?

July 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: „Теленовела“ Рама-Фараж; Косовските партиски лидери на средба кај претседателката поради кризата со собранието; 35 години од Декларацијата на косовскиот Устав

July 2, 2025
Фотографија: Викимедиа/ Graham Crumb/Imagicity.com

Австралиска истрага открива дека Абориџините биле жртви на геноцид

July 2, 2025

ДУИ: Власта не смееше да дозволи изјавата на Кос, дека „идентитетот не е предмет на политички условувања, туку суштина на човековото достоинство и израз на неговата посебност“, да стане цел на кампања на омраза и потсмевање

July 2, 2025

(РЕПРИНТ) Моите идентитети не се само потребни проценти

July 2, 2025
Украински воени затвореници Photo: Amnesty International

Руски воени злосторства: „Врзан за мотоцикл и влечен“ – Русија веројатно егзекутирала уште еден украински воен заробеник, вели омбудсманот Лубинец 

July 2, 2025

Неправилности во здравството ќе може да се пријавуваат на веб-страницата на МЗ

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Сакаме поширока дискусија за носење на новиот закон за легализација на дивоградбите

March 2, 2021 13:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек се разговори со политичките партии и пратениците за новиот закон за легализација на бесправно изградените објекти во земјава. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека разговорите се во почетна фаза и очекува партиите и опозицијата да дадат свои предлози. Новиот закон за легализација на дивоградбите е доставен во Парламентот на Република Северна Македонија од поодамна.

-Мое мислење е дека во однос на овој Закон треба да отвориме широка јавна расправа и  дебата, но и со сите политички партии во Парламентот, да дискутираме можеби на подобрување на законскиот текст и подобро би било ако овој закон се донесе со поширок консензус, со поголема поддршка во собранието. Така што разговараме и очекуваме да ги слушнеме сите, предлозите на опозициските партии, на партиите во владејачкото мнозинство и потоа ќе носиме одлуки, вели Бочварски.

Тој истакна дека овој Закон го бараат и општините, а со него ќе се решат низа проблеми со инфраструктурни проекти, кои во моментов не можат да имаат и да добијат имотен лист од Катастарот и да се стават во правна рамка, бидејќи на општините и на институциите им недостасуваат одредена документација, која пред неколку децении согласно тогашните закони не била потребна при изградбата.

-Државата со овој Закон може да реши големи национални проекти, во однос на ставање во функција на впишување во Катастар на големи проекти од инсталациски мрежи, водоводи, канализации, гасоводи, далноводи. Во однос на објекти, коишто биле изградени во минатото, а дел од документацијата недостасува, за да можат да влезат во одредени идни постапки. Можеби со преструктуирање на одредени компании, каде што е потребно да се упише и да се види кој е имотот на компанијата. Така што, има многу прашања, којшто покрива овој Закон. Затоа и сакаме да биде со поширока дискусија, вели Бочварски.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев појаснува зошто е потребен овој закон за да селските водоводи и канализации во неговата општина, но и патот меѓу селата Таринци и  Долни Балван добијат имотен лист, односно се впишат во Катастар.

– Кај нас, како општина се соочуваме и со инфраструктурни објекти, коишто се како патишта, водоснабдителни системи, канализациони системи, кои во минатото биле градени без соодветни дозволи и одобренија за градба и коишто во овој момент имаат третман на дивоградби. Значи од насушна потреба е донесувањето на овој Закон, посебно за локалната самоуправа, доколку сакаме да користиме средства за реконструкција, за обнова, за рехабилитација, вели Насев.

Посочува дека две години Општина Карбинци има обезбедено средства преку Светска банка за реконструкција на патот меѓу селата Таринци и Долни Балван, но не можат да се искористат, бидејќи овој пат не е впишан во Катастарот и се појавува како земјоделско земјиште, а низ него граѓаните поминуваат повеќе од половина век.

-Таков е случајот со овој пат, кој поврзува два регионални патишта, тоа е патот село Таринци село Долни Балван, во должина од два километра. Повеќе од две години настојуваме овој патен правец да го реконструираме. Средствата се обезбедени од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски, но за жал овој патен правец не е впишан во Катастарот, односно нема катастарска парцела, како јавен пат, а за да го направиме тоа мора да направиме посебни проекти, да го впишеме и сето тоа одзема многу време и пари, а за целиот овој период граѓаните трпат, вели Насев.

Во моментов во Општина Карбинци евидентирани се околу 400 дивоградби, кои се изградени од страна на граѓаните. Општината со 15 вработени нема градежен инспектор, затоа и бара помош и меѓурегионална соработка од соседните општини.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ