• Latest

(РЕПРИНТ) Моите идентитети не се само потребни проценти

July 2, 2025
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

(РЕПРИНТ) Моите идентитети не се само потребни проценти

Текстот е објавен на 11 јануари 2019; дел од публикацијата „Губење на идентитетот или…?“

July 2, 2025 11:37
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Највеќе од сѐ, ми пречи кога мојот родов, етнички и интелектуален идентитет се користат за какво било процентуално застапување во одредени прилики. Бидејќи човечкото битие во основа би требало да биде состав од мноштво идентитети коишто со нивното преплетување внатре во човекот, како физикус, како интелектуално битие, создаваат една целина. Кога таа целина се дели, односно, кога од таа целина се зема еден дел, за утилитарни потреби, занемарувајќи ги другите делови од таа целина, тогаш се добива само делумна слика, одговор, движење, квалитет без потребната одличност што ја носи во себе комплетното човечко битие.

Често знам да се замислам во правец на идентитетите што ги поседувам. Како човек, жена, мајка, пријателка, колешка, работник, домаќинка, и неколкуте етнички идентитети што се преплетуваат во моето битие во оваа земја.

Се викам Дијана, се презивам Тахири. Моето моминско презиме е Јумеровиќ, изведено од презимето Имери, за време на првата светска војна, за да продолжи и по втората светска војна, па потоа во комунистичкиот систем. Некаде при крајот на комунистичкиот систем во тогашна Југославија, луѓето почнаа да си ги враќаат своите автентични презимиња, од „ски“, „виќ“ или „ов“, во зависност од географската положба на престојувањето на предците на коишто им ги измениле презимињата, со асимилациски намери.

Јас не стигнав да си го променам презимето, бидејќи стапив во брак, и без многу размислување го прифатив презимето на мојот сопруг. Не го сменив презимето ниту по неговата смрт, бидејќи не сакав да и создадам уште повеќе збунетост на мојата ќерка, којашто беше многу малечка кога остана без еден родител.

Моето презиме со српска „одредница“- „виќ“ , лично, не ми претставувало некоја забуна или несигурност во идентитетска смисла. Мојот етнички идентитет, по мајка и по татко е албански, зачинет со уште неколку други по таткова страна. Секој друг етнички идентитет покрај овој, официјалниот, со којшто се претставувам кога тоа се бара од мене, и се претставувам со пишан збор и јазик на којшто комуницирам дома со моето потесно семејство, никогаш не претставувал некаква закана за другиот, третиот…

Но, во општеството во коешто живеам, не е толку едноставно. Во текот на моето досегашно живеење, често не ми бил прифаќан идентитетот – Албанка, бидејќи, не сум личела на Албанка. Од Албанците, со коишто го делам идентитетот, исто така имав неприфаќање на идентитетот, за нив често исто така не личев на Албанка, а тоа се должи на стереотипите развиени во сите заедници во Македонија.

На пример, кога се запишав во средно училиште, рашив да учам на македонски јазик. На првиот училишен ден се сретнавме нели учениците од класот, и откако дознаа дека сум Албанка, неколку соученици се собраа околу мене и ми поставуваа многу интересни и смешни прашања. Дали сум црна отсекогаш, или сум била на море… „нели вие не одите на море?“.

Или, дали мајка ми работи, и кога им потврдив дека работи, ме прашаа како се облекува кога оди на работа. На што не можев да одолеам и да се пошегувам со следниот одговор: „Има посебни шалвари, за секој ден по еден пар.“ Подоцна сфатив дека поголемиот број од соучениците немале никаков контакт со Албанци во текот на животот, па затоа и имаа погрешна претстава за тоа како изгледа Албанка или Албанец, односно, немаа никаква претстава, туку претставата им беше пренесена. Во текот на четиригодишното учење, станавме многу добри другари, без исклучоци. Дури и дојдоа кај мене на гости, од чиста љубопитност, за потоа да видат и сфатат дека живееме, се однесуваме, јадеме, правиме се слично, освен што зборуваме на различни јазици. Овие работи не ми попречија да се развијам во зрела и сигурна личност, напротив, дури и ми помогнаа.

Но, секако дека ми пречи кога некој, во мојата земја, ме нарекува малцинство. бидејќи по мое поимање, никаде на светот нема малцинства, кога станува збор за човечкиот идентитет. Сметам дека административната бројка не би требало да го одредува статусот на еден народ во една одредена држава. Замислете ја Европа како една држава, и некој во неа постојано да ве нарекува малцинство, да ви го трие носот со некакви права што постојано ви ги дава, бидејќи како помалкубројна заедница, по дифолт треба да ги заслужите, и да бидете во нечија милост или немилост.

Ја одбрав Европа како пример за држава, бидејќи денешниот тренд е влез во таа голема заедница, со многу отстапки од страна на нашата земја, исполнувања и испорачувања на зададени задачи кон таа одредница, со финална цел, еднаквост по секаква основа. Замислете како се чувствуваме ние, другите, во нашата заедничка земја…

Кога станува збор за тоа дали со пристапот во ЕУ, моите сограѓани Македонци би го изгубиле својот идентитет, со сигурност ќе кажам дека нема да го изгубат. Како и да те нарекува некој, секогаш ќе бидеш тоа што си. Секогаш сум се борела кога едниот од моите идентитети некој ми го напаѓал, секогаш има некој на кого ќе му пречи тој некој друг идентитет, кога станува збор за етничкиот, бидејќи во моментот станува збор токму за етничкиот идентитет.

Највеќе од се, ми пречи кога мојот родов, етнички и интелектуален идентитет се користи за какво било процентуално застапување во одредени прилики. Бидејќи човечкото битие во основа би требало да биде состав од мноштво идентитети коишто со нивното преплетување внатре во човекот, како физикус, како интелектуално битие, создаваат една целина.

Кога таа целина се дели, односно, кога од таа целина се зема еден дел, за утилитарни потреби, занемарувајќи ги другите делови од таа целина, тогаш се добива само делумна слика, одговор, движење, квалитет без потребната одличност што ја носи во себе комплетното човечко битие.


Текстот е објавен на 11 јануари 2019; дел од публикацијата „Губење на идентитетот или…?“
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ