• Latest

Богдановиќ: Бараме вклучување на повеќе институции за предмети поврзани со ДУП-овите

April 13, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Богдановиќ: Бараме вклучување на повеќе институции за предмети поврзани со ДУП-овите

April 13, 2021 12:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера имавме онлајн состанок на кој разговаравме со членовите од Антикорупциска комисија за одредени предмети, ситуации, посебно поврзани со Деталните урбанистички планови. Бараме поддршка, соработка во одредени процеси што Општина Центар ги има започнато. Сметаме дека доколку се вклучат одредени институции, пред се тие кои се занимаваат со спречување на можни сомнежи за одредени незаконски активности или корупција, да дадат свој придонес и да ни помогнат во одредени наши борби за заедничка цел, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Тој вели дека побарале информации што ги слушнале од јавноста за одредени локации каде имало започнати спорови, но и, како што посочи, сакаат да дадат одредени предмети за кои Општина Центар започнала иницијативи и претставки до надлежни институции за што се уште немаат одговор.

– Многу од тие предмети доколку се решат на начин на кој мисли Општината или се сомнева дека има одредени прекршувања, значително ќе ја изменат ситуацијата на одредени локации и места. Тоа значи дека доколку на некое место се докаже дека имало спор на продажба на земјиште, спор на отуѓување, незаконски акти кои биле донесени, доаѓа до поништување на тие акти и воедно враќање на првобитна состојба која за жал сме ја затекнале, рече Богдановиќ.

Во обвинителство, како што додаде, веќе се отворени неколку предмети, но смета дека тоа не е доволно.

– Со предавањето на тие предмети мислам дека заедно со членовите на ДКСК ќе дадеме забрзан тек на тие работи, бидејќи со расчистување на тие предмети ќе успееме да докажеме одредени незаконски работи кои се случувале во минатото, а за жал денеска ги гледаме како последици. Така да најважно ни е сите процеси кои се водат пред сите институции, но и процеси кои ги води Општина Центар да бидат јасно чисти и точно да се знае каде се направени прекршувања и кој ќе сноси одговорност за нив, рече Богдановиќ.

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска рече дека брзата одлука на Уставниот суд за укинување на одлуката на Општина Центар за неспроведување на ДУП-от остава простор за размислување кои се причините за вака приоритетното прифаќање на иницијативата за укинување на оваа одлука.

– ДКСК постапуваше по повеќе предмети кои беа поврзани со овој спорен ДУП и со продажбата на локацијата и дадовме препораки и укажувања на Општина Центар за можните ризици од корупција и влијанието на сопствениците врз планерите при подготовка на планот. Поради правни недоречености и бавни одговори на надлежните институции, тука ќе го споменам Министерството за транспорт и врски и соработката со Општина Центар, овој план се уште не е под суспензија. Го охрабрувам градоначалникот да размисли пред да ја донесе одлуката за давање на дозвола на планот да ги испита сите можности за да го стави планот под суспензија и да не донесува дозвола за градење за план кој не е во согласност со Генералниот урбанистички план, рече Ивановска.

Имајќи ја предвид сериозноста на проблемот што предизвика голема загриженост кај граѓаните, вели Ивановска, препорачуваме институциите да постапуваат законито и координирано имајќи го предвид стручното мислење на професионалците, се во насока на зачувување на темелните вредности гарантирани со уставот, за уредување и хуманизација на просторот и унапредување на животната средина.

Прашан зошто досега не се постапило за парцелата кај Холидеј Ин, Богдановиќ рече дека тоа не е точно, односно, како што кажа, поднеле одредени пријави не само за таа, туку и за други локации и чекаат одговор од институциите.

– Ако ја читате пресудата од Уставен суд, вели сите да се земат подеднакво. Значи ние сите 31 план ги земавме подеднакво и не е точно дека не сме постапиле. Баш тој план исто беше ставен под суспензија исто како другите. Сите планови беа третирани исто. Тој план дојде до 14, 15 чекор каде едноставно додадовме до судир со планерската куќа и заради тоа покренавме одредени постапки, Ете ние покренуваме, донесовме мораториум еднаш, донесовме мораториум втор пат иако не смееме. Јас се соочив со кривична одговорност и денес секој може да ме гони кривично затоа што по одлука на Уставен суд, носам повторно одлука. И еве сега, пак застанувам јавно и кажувам сите предмети ги доставуваме до надлежни институции за да преземат нешто. Имаме неусогласен план, стручни комисии го докажале тоа. Постапуваме по тоа, но ако некој не го фати за гуша тој што направил план во 2012, тој што го одобрил, џабе ние расправаме тука. Уставен суд ви вика тоа е законски и дека не можете тоа да го направите, точно надминати се параметри но не сте во право, рече Богдановиќ.

Посочи дека Комората на архитекти се уште не го дава тарифникот за да можат да се работат новите планови.

– Општина Центар досега има донесено осум плана и сите постапки ги имаме запазено, дури без никаков проблем или приговор, ние си продолжуваме, плановите си ги менуваме. Но, целта беше стариот план да се застане, бидејќи ако се реализираат дел по дел од стариот план тогаш џабе го носите новиот, бидејќи веќе некои работи ќе се изградат и не можете да ги спречите, рече Богдановиќ.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ