• Latest

Богоев: Приватните инвеститори да градат хумано, а не дивјачки и за туѓи профити

August 8, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Богоев: Приватните инвеститори да градат хумано, а не дивјачки и за туѓи профити

August 8, 2018 14:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев за европските вредности, зелените иницијативи, потребата од нови градежни објекти во општината, како и свесноста на жителите во заштита и одржливост на животната средина.

„Ако треба да одвојам три европски вредности тоа би биле транспарентност, инклузивност и солидарноста која што како општина ја покажавме кон нашиот сосед, Грција поради пожарите, но гледаме често да иницираме хуманитарни акции кога можеме. Ако солидарноста е една европска вредност и одлика, тоа е и моја лична одлика како социјалдемократ и на самата општина Карпош. Знаете дека општината е изградена од светската солидарност по земјотресот“, изјави Богоев истакнувајќи ги истовремено и проектите на кои работат и вклученоста на граѓаните во нив.

Потсетувајќи дека општина Карпош е една од најстарите, урбанизирани општини, Богоев смета дека е природно жителите да имаат развиена свест за тоа што претставуваат европските вредности.

„Морам да бидам и малку критичен кога зборуваме за европските вредности и ставаме акцент особено на здравата животна средина и зеленилото секој треба да појде од себе. За жал, ние како општина имавме многу работа во изминатите месеци со расчистување на шут и смет кој се фрла која каде ќе стигне. Имаме многу работа и со пишување на многу казни за несовесни граѓани што не ја третираат соодветно животната средина и околината во која што и самите тие живеат. Не е доволно да кажеме декларативно дека ги почитуваме европските вредности и да стигнеме до најблиското паркче и да истуриме една количка шут од тоалетот што дома сме го реновирале“, изјави Боев апелирајќи граѓаните да бидат внимателни затоа што општината и општинските служби ќе бидат ригорозни и ќе казнуваат во овој дел.

Позитивниот пристап кон зеленилото општина Карпош се обидува да го реализира со носење на нови урбанистички планови според кои одредена површина од секоја градежна парцела мора да има зеленило. А доколку нема таква можност од објективни причини, како што објасни Богоев, ќе се реализира како вертикално или покривно зеленило од инвеститорот.

„Во контекст на одржување на здрава животна средина воведовме и дежурни служби за викендите што треба да ја чистат општината бидејќи наследивме прилично неисчистена општина и ѓубре наталожено со месеци, да не речам со години. Набавивме и ново камионче за подигање на смет. Ние нашето како општина ќе го направиме, меѓутоа ако сите заедно не си го чуваме местото во кое живееме нема општина, нема градоначалник, нема градски или државни служби што ќе постигнат да го исчистат сето тоа што би се извалкало од граѓаните“, изјави Богоев.

На прашањето дали е возможно да се надоместат изгубените зелени површини, Богоев смета дека ќе е потребно многу време, изгубено во минатото поради интереси на градежни компании и приватни сопственици.

„Законот за зеленило изгласан во Собранието, на кој што и јас бев предлагач веќеи законски ќе лимитира колку ќе може да се уништува зеленило за некој да си остварува личен и приватен интерес… Приватните инвеститори нека градат, но тоа да биде хумано и нормално, а не дивјачко градење за туѓи профити, а државното земјиште е простор каде можеме да подигаме нови зелени површини… “, изјави Богоев.

Според градоначалникот, општина Карпош има потреба од нови градби, пред сѐ државни, затоа што во деловите на Карпош што не се развиени допрва ќе се гради и тоа ќе значи дека и приватните инвеститори нормално ќе градат, но задача на општината ќе биде при тоа да не наштети на граѓаните што живеат во истата околина.

Раговорот е дел од проектот „Акција – Интеграција“ во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Tags: европски вредностизелени иницијативиопштина КарпошСтефан Богоев
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ