Петар Богојески од Македонски концепт смета дека не се исполниле политичките и општествените очекувања во 2019 година за валоризација на постигнатото во 2018 година, како Договорот со Преспа и Илинденскиот договор со Бугарија, како и очекувањата во однос на европската интеграција.
Во однос на перспективите за 2020 година, Богојески очекува да се остварат главните цели: Македонија да стане полноправна членка на НАТО, а во средина на годината официјално да се отпочнат и пристапни преговори во Европската унија.
Според Богојески, најголемите успеси за државава во 2019 година се постигнувањата на Тамара Тодевска на Евровизија и на Мила Москов на Детскиот Евросонг, како и македонската филмска продукција и спортските постигнувања.
„Ако 2019 година не беше многу успешна на политички план, беше успешна на сите други полиња, така да имаме некаков баланс во 2019 година“, вели Богојески.
Богојески се надева дека во 2020 година ќе имаме и позитивни примери во политиката, односно ќе има личности кои ќе бидат истакнувани како позитивни примери.
Ангела Петровска
камера: Ариан Мехмети
монтажа: Владимир Перчуклиевски
фотографија: Биљана Јордановска