• Latest

Болното Здравство

December 14, 2017
Фото: УНХЦР

Суданската армија го изгуби клучниот град од паравоените сили на RSF, ОН алармира за етнички мотивирани злосторства извршени од страна на RSF

October 28, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент го нарече „руски пропагандист“ претставникот на Кремљ, Дмитриев кој ги минимизираше санкциите на САД

October 28, 2025
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Болното Здравство

December 14, 2017 11:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На целата мака што ја тргавме единаесет години со криминалната ВМРО-ДПМНЕ, кон крајот на ноември дознаваме дека долги години во нашава земја се увезуваат, дистрибуираат по здравствените установи и делат на пациенти фалсификувани лекови.

Пишува: Денис Јанкуловски

Страшно. Дознаваме дека не биле поштедени ниту оние најневините, оние кои секоја терапија ја гледале како пат кон целосното излекување, а тоа се децата. Хорор.

Не дека не знаевме или претпоставувавме дека има нешто чудно со лековиве кои ги користиме. Одиме на лекар, ни препишува соодветна терапија, пиеме и резултат нема. Ај викаат уште една доза. Па уште една. Подобрување нема. После неколку терапии некој друг лекар ни вика не само џабе што сме пиеле, туку сме ги уништиле и оние добри бактерии кои се одбранбен механизам. Значи ширум сме ги отвориле портите за болестите.

Но, сепак ова што го дознавме или поточно што ни дојде само како потврда за сите сомневања околу здравството кое го практикуваше ВМРО криминалната, e нешто што слободно може да се нарече геноцид. Начин за систематско уништување на сонародници, сожители, роднини и пријатели. Никој не бил заштитен.

Е сега, околу дознавањето и периодот потоа.

На 23 ноември новиот директор на ФЗОМ, Ден Дончев, обзнанува дека „ …турската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во Турција што произведуваат лекови за македонскиот пазар. Овие лекови, произведени од сомнителен извор, а спакувани во амбалажи од оригинаторите, доаѓаат во Македонија преку т.н. паралелен увоз. Уште пострашно, доаѓаат без било каков  сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година…“

Јавноста со право се крена на нозе. Најзасегнатите со право револтирани, но и со најбитните прашања. Кои се тие лекови? Дали уште ги има, како што вели заменикот министер, во депоата? Дали се веднаш тргнати од рафтовите на аптеките? Кој ги увезол, кој дистрибуирал и кои лекари дозволиле да се даваат на пациенти?

Молк. Ниту ФЗОМ ниту Министерството во наредните седум дена не излегуваат со соопштение. Исчекување со стрепење за своите најмили, дали ќе имаат последици од ваквите хемикалии. Не само што немале корист туку што друга беља истите направиле?

На први декември излегува со изјава заменикот министер за здравство, бидејќи веќе три месеци немаме министер.

„Повлечени се лековите од паралелниот увоз од трети земји“, изјавува тој.

Но, повторно изостануваат информациите за кои лекови се работи. Повторно стрепење на оштетените и нивните блиски. На прашањето зошто уште нема конкретни резултати Чакаровски одговара „Додека не добиеме официјална информација од институциите кои го водат случајот, за кои лекови се работи, колку се на број, кој ги увезува и кој ги произведува, не можам ништо да тврдам. Ако мислите дека има институција во светот што за 24 часа може да ги информира граѓаните во која било држава кои лекови се безбедни, а кои не се, во моментот кога се откриваат одреден број на фалсификувани лекови, покажете ми ја таа држава за ние таму да пуштиме експерти да научат и да не научат и нас“.

Малку зачудува, но ај да почекаме уште некој ден. Нека биде се како што треба.

На 11 декември заменикот министер (бидејќи сè уште немаме министер, нели?) гостува на Телма на тема ретките болести и недостигот на терапија за истите. Гледајќи ја емисијата можам да дојдам до неколку заклучоци.

Прво, околу чувството како „англиска кралица“. Добро бе г-дине замениче ако сте се  чувствувале само како нем посматрач зошто не се побунивте негде? Зошто не кажавте јавно дека немате ингеренции за кои рековте дека само пред една недела ви биле дадени целосно? Зошто не ги искритикувавте сите за неможноста да го дадете својот максимум? Или пак ако не бива – дајте си оставка и нека му ја мислат други.

Ама не, немоќен сум, врзани ми се рацете, немам овластувања ама и не се бунам, си молчам.

„Имаме проблем во комуникација“, е единствениот одговор.

Второ, околу недостатокот на лековите. Трите соговорнички ви укажуваат дека неколку месеци има недостаток на лекови кои им се секојдневно неопходни. Ги нема никаде. Од институциите ги шетаат лево – десно, односно си ја префрлаат топката кај другите. А мајките на болните, пациентите, здруженијата и сите засегнати се чувствуваат како пинг-понг топчиња со кои секој си игра. Ви кажуваат дека продале куќи и станови, земале кредити и се снаоѓаат на секаков можен начин да ги снабдат лековите кои министерството со години ги лаже дека ќе ги донесе. Ви укажуваат дека лекови НЕМА. А, Вие? Вие им тврдите дека лекови има, дека се во депоата, дека се во веледрогериите и не се донесени, ама дека ги има. А, ги нема. Има останато пари, ама лекови нема. Нешто не штима.

„Имаме проблем во комуникација“, е единствениот одговор.

Трето, околу фалсификуваните лекови. Реков, ама не реков така. Кои се, е тоа не можам јавно. Епа ако не јавно тогаш како? Скришно? Чекаме резултати. Ок. Кога? И не за мене туку најмногу за овие што беа спроти Вас и сите кои тие ги претставуваат.

„Имаме проблем во комуникација“, е единствениот одговор.

Четврто, мислам дека треба да се прекине со тоа-не е за јавност. Ни се смачи 11 години ништо да не дознаваме. Нека се знае каде е точно проблемот. Веледрогериите ги кријат лековите? Депоата ги кријат? Министерството не работи како што треба од икс причини? Треба да знаат оние кои треба да знаат за да може, како што викате Вие, заеднички да работите на подобрување на состојбата со лековите.

„Имаме проблем во комуникација“, е единствениот одговор.

И петто, за крај. Гледајќи ја емисијата имав чувство дека трите гостинки беа заменици министерки, затоа што на моменти изгледаше како тие да се многу подобри запознаени со состојбите и начинот на функционирање отколку Вие. За жал, такво чувство добив. И затоа секојдневно прашувам зошто немаме Министер? А, сега ќе прашам и зошто имаме ваков заменик. И ќе прашувам.

„Имаме проблем во комуникација“, е единствениот одговор.

Времево лета, животот ќе прелета.

Верувам дека никогаш не е доцна.

„Имаме проблем во комуникација“, е единствениот одговор.

п.с. Дајте друго дете

Print Friendly, PDF & Email
Tags: здравстволековиминистер за здравство
Share60Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ