• Latest
Фото: nytimes.com

Болсонаро сè уште не го признал поразот, дали го следи „прирачникот“ на Трамп

November 1, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Болсонаро сè уште не го признал поразот, дали го следи „прирачникот“ на Трамп

November 1, 2022 11:26
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: nytimes.com

Фото: nytimes.com

Share on FacebookShare on Twitter

Бразил и неговиот новоизбран претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва, победникот на изборите во неделата, се разбудија во понеделникот сопрашањето познато на Американците: Дали губитникот ќе попушти?

Претседателот Жаир Болсонаро допрва треба да го признае неговиот изборен пораз во неделата, што предизвикува стравувања дека би можел да одбие да ги прифати резултатите и да предизвика немири.

Поголемиот дел од вчерашниот ден тој го помина во претседателските канцеларии, на средби со врвни советници и со бразилскиот министер за одбрана. Некои од советниците го повикаа претседателот да признае, но сеуште е нејасно дали тој донел одлука.

Поддржувачите на претседателот Жаир Болсонаро ги гледаат изборните резултати во Бразилија во недела.Фото: Dado Galdieri / The New York Times

До вечерта, тој работеше на одговор и планираше да даде изјава, иако беше нејасно што ќе каже, изјави за Њу Јорк Тајмс висок функционер на администрацијата кој сакаше да остане анонимен.

Молкот на бразилскиот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро за изборните резултати станува сè погласен во вторник, поради зголемената загриженост дека може да одбие да го признае поразот од неговиот левичарски ривал Луис Инасио Лула да Силва. Лидерот во заминување наводно подготвува говор и се очекува да зборува во вторник.

Претседателот Жаир Болсонаро нема јавно да се осврне на неговиот пораз на претседателските избори во Бразил до вторник, рече неговиот министер за комуникации, поради сомневањата дали екстремно десничарскиот националист ќе ја прифати победата на неговиот левичарски ривал Луис Инасио Лула да Силва.

Болсонаро со месеци тврдеше дека единствениот начин да ги загуби претседателските избори во Бразил е ако тие бидат наместени. Од изборната ноќ, се појавуваат тврдења за измама, некои од нив поддржани од десничарските гкругови во САД.

Претседателот, неговите синови и поддржувачите со месеци ја поставуваа основата за да се оспори загубата со неподдржани наводи за изборна измама. Болсонаро повика странски дипломати во јули за да фрли сомнеж во електронското гласање и минатата недела тврдеше дека националниот закон е прекршен бидејќи радио станиците му дадоа повеќе време за време на кампањата на Лула.

Изборните власти ги отфрлија сите тие тврдења како фиктивни и ги нарекоа изборите во недела безбедни и валидни.

Со години, Болсонаро предупредува дека ако изгуби на избори, можеби нема да ги прифати резултатите. Сосема е можно сега Болсонаро да не го прифати поразот на претседателските избори во Бразил, одејќи по стапките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кого тој сесрдно го поддржувашe.

Следејќи голем дел од „прирачникот“ на Трамп за време на неговото доаѓање на власт и на функцијата, според аналитичарите, Болсонаро би можел да го стори истото во поразот: да одбие да признае, да го прогласи претседателството на Лула за нелегитимно и да ја користи својата хардкор база за да глуми моќен посредник додека се подготвува за следните избори, пишува Вашингтон Пост.

„Ова е моделот на Трамп“, рече Маркос Нобре, политички аналитичар и автор. „Тоа ќе се каже, тој што победи на изборниот фер и чесно, е нелегитимен. Болсонаро ќе се обиде да го ослабне Лула на секој начин“.

Неговата загуба доаѓа додека сеништето на криминални истраги виси над него и неговото семејство.
Иако Болсонаро се спротивстави да го признае резултатот, светот го прифати. На Болсонаро му требаа месеци да ја признае победата на претседателот Бајден во 2020 година – и се чинеше дека го доведе во прашање неговиот легитимитет уште во јуни. „Нема да разговарам за суверенитетот на друга земја“, им рече Болсонаро на новинарите. „Но, на Трамп му одеше навистина добро“.

Бајден веднаш по изборите ја истакна поддршката на Вашингтон за Лула, јавно честитајќи ѝ на 77-годишната икона на левицата веднаш по неговата победа во неделата и разговарајќи со него по телефон во понеделникот.

„Претседателот Бајден ја пофали силата на бразилските демократски институции по слободните, фер и кредибилни избори“, се вели во соопштението на Белата куќа. „Двајцата лидери разговараа за силните односи меѓу Соединетите Држави и Бразил и се обврзаа да продолжат да работат како партнери за справување со заедничките предизвици, вклучително и борбата против климатските промени, заштитата на безбедноста на храната, промовирањето на вклученоста и демократијата и управувањето со регионалната миграција“.

Други лидери се собраа кај Лула. Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, требаше да се сретне со Лула во понеделник во Бразил. „Победата на Лула отвора нова ера за историјата на Латинска Америка. Време на надеж и иднина што започнува денес“, напиша Фернандез на Твитер. „Овде имате партнер со кој треба да работите и да сонувате за благосостојбата на нашите нации“.

Болсонаро, како и Трамп, има обожувачка база. Некои приврзаници почнаа да ги блокираат бразилските автопатишта доцна во неделата, барајќи тој да одбие да признае. Полицијата во понеделникот наутро извести за ескалација на бројот на блокади. Тие вклучуваат еден од главните автопати во земјата, кој ги поврзува Сао Паоло и Рио де Жанеиро, најголемите метрополи во земјата. Воената полиција во Бразилија во понеделникот соопшти дека ги затворила патиштата што водат до клучните владини згради во главниот град, откако идентификувале „можни демонстрации“ закажани за областа што се шират на социјалните мрежи.

Демонстрантите запалија гуми за да го блокираат автопатот во Варзеа Гранде во бразилската држава Мато Гросо во понеделникот во знак на протест против победата на Лула над претседателот Жаир Болсонаро. Фото: Rogério Florentino/Reuters

Еден конгресмен кој ги застапува камионџиите рече дека блокадите на патиштата се дело на „криминалци кои не ја претставуваат категоријата“. „Пратеничката група на независни камионџии не поддржува никаков вид демонстрација против исходот од изборите! твитна Нереу Криспим. По резултатот во неделата, пратеникот од Рио Гранде до Сул рече дека демократијата победила и „омразата изгубила“.

Во меѓувреме, Болсонаро сеуште не го признал поразот.

Подготви: Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ