• Latest

Борбата против корупцијата, светла точка на крајот од тунелот

December 9, 2019
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Борбата против корупцијата, светла точка на крајот од тунелот

Конечно, по една деценија жестока корупција, може да се рече дека борбата против корупцијата во нашата земја е започната. И конечно, Државната комисија за спречување на корупцијата за една година направи многу повеќе отколку оној состав во текот на владеењето на претходната влада.

December 9, 2019 16:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода со години интензивно ја следи корупцијата, со посебен фокус на политичката корупција. Организацијата стана позната според специфичните методологии во спроведувањето на континуираниот мониторинг на состојбата на човековите права, но и на политичките процеси, вклучувајќи ги тука и изборите. Точно пред една година, борбата против корупцијата беше на стаклени нозе, со Закон што се влечеше низ собраниските процедури, и нефункционална Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси. Од денешна перспектива, на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, која за жал, сѐ уште е дел од политичкото или општественото секојдневие, во обидот за  стекнување неприкосновена моќ за одржување на власта, можеме да констатираме дека новиот состав на ДКСК за кратко време се истакна со транспарентна и одговорна работа од првиот ден по формирањето.

Во едно демократско општество, властите формираат институции, што по правило треба да бидат неутрални, објективни и независни, со цел да спроведат контрола, санирање и санкционирање на сите форми на корупција и судир на интереси. За време на претходната власт, тешко дека можевме да речеме дека ние сме земја која ги негува овие вредности и чија Антикорупциска комисија единствено се бореше да ја прикрие корупцијата на владата на Груевски.

Затоа, оваа година и овој состав на ДКСК, според сите начела и стандарди покажаа што значи да се биде доследен, принципиелен, независен и објективен. Тие покажаа што значи да се биде одговорен, траспарентен и отчетен, без партиски и политички влијанија, независно кој, како и од кои прични е вплеткан во активности што се коруптивни. Законот важи подеданкво за сите и никој не е имун, ниту полага право на привилигираност затоа што е политичар, бизнисмен, премиер или претседател на држава.

Конечно, по една деценија жестока корупција, може да се рече дека борбата против корупцијата во нашата земја е започната. И конечно, Државната комисија за спречување на корупцијата за една година направи многу повеќе отколку оној состав во текот на владеењето на претходната влада.

ЦИВИЛ останува буден и активен, не само во мониторингот, туку и во преземањето конкретни чекори и иницијативи во насока на јакнење на јавната свест и барање за целосна посветеност во борбата против корупцијата.

Како потсетник, никогаш да не се вратиме во таа состојба и да останеме информирани и свесни за штетните влијанија на корупцијата, ЦИВИЛ потсетува на публикација посветена на антикорупцијата односно предизвиците што ги носи борбата против корупцијата. Публикацијата претставува избор од содржини објавени во рубриката МИСЛА на www.civilmedia.mk  од крајот на 2017 до средината на ноември, 2018 година.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ