• Latest

Борисов: Ѝ посакуваме успех на Македонија

October 31, 2018
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Борисов: Ѝ посакуваме успех на Македонија

October 31, 2018 12:19
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот со Бугарија и Договорот со Грција отворија голема перспектива за Македонија, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, бугарскиот премиер Бојко Борисов кој учествуваше на Третиот евро-арапски самит што во изминатите два дена се одржа во грчката престолнина.

Борисов порача дека „стискаат палци и ѝ посакуваат успех на Македонија“, а коментирајќи ги последните случувања во регионот во кои нашата земја е протагонист, бугарскиот премиер потенцира дека најважно е да нема мешање.

Секогаш внимавам да не се мешам во работите на која било друга држава, вели Борисов.

– Она што се однесуваше на Бугарија и Македонија – Договорот за добрососедство, и покрај доста силните напади против него, ние покажавме волја и го потпишавме. И тој ја даде таа перспектива да се оди во таа насока. Потоа, за време на европскиот совет во Софија, односно бугарското претседателство со ЕУ,  софиската декларација, мислам дека начинот на кој Западот, и  САД и Европската унија, поддржаа секаква постапка на нашите лидери, како решенијата што соодветно ги постигнаа властите во Скопје, како во Договорот со Бугарија, така и со Грција, отворија огромна перспектива за вас. Така што, ние, она што зависеше од Бугарија, како добрососедска, најблиска земја за вас го направивме. Стискаме палци и посакуваме успех. Секое друго мешање не е правилно, дури и да го изразам моето мислење, вели Борисов за МИА.

 

Во разговорот со дописничката на МИА од Атина, бугарскиот премиер потенцира дека инфраструктурното поврзување меѓу земјите од Балканот е особено важно, и „колку побрзо се поврземе, толку подобро“.

– Тука нема политика, тоа значи поврзаност, тоа значи успех, тоа значи бизнис, тоа значи туризам, културен, религиозен, секаков туризам и најмногу поврзување на Балканот. Сега работиме со Светската банка како и со други финансиски институции, европската банка за обнова и развој, европската инвестициска банка и според мене Софија- Скопје -Тирана како еден проект да почне да се реализира, за веднаш да се направи, објаснува Борисов.

Бугарскиот премиер додаде дека на евро-арапскиот самит во Атина, станало збор и за гасификациското поврзување, меѓу кои и она што се однесува на Балканот.

– Она што го разговараме тука со арапскиот свет и Европската унија, двата тека и преку Грција и преку Бугарија ќе влезат во Македонија, така што и од двете страни ќе стигнува во Македонија и од Грција и од Бугарија и третата кон Белград. Така што тоа е многу добро и за Србија и за Косово, за Црна Гора, Албанија, вели премиерот на Бугарија, Бојко Борисов за МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ