Ботови има насекаде, нема само Путин кој има формирано сопствена војска (руски хакери) и тоа веќе сите го знаат, вели новинарот Александар Божиновски за ЦИВИЛ Медиа, на прашањето кој и како се шират дезинформации и пропаганда.
„Тој хаос го користат државите бидејќи не се регулира. На пример Трамп победи на тој начин во Америка, Твитер беше клучен за неговата победа.
Во Европскиот парламент почесто се зборува за тоа, односно што Европа направи со тоа? Европа нема свои ботови, нема своја организирана пропаганда.
Се додека не се развие културата на барање на точни информации ќе мора дури и политичарите да се прилагодат на тоа и тие тоа да го прават.
Редот секогаш доаѓа од хаосот, редот се прави кога хаосот ќе го удри дното кога ќе дојде до неподносливост. Самите ќе бараме ред и вистина и ќе бараме новинарство“, вели Божиновски.
Д. Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети