Крег, братот на загинатиот полицаец од Капитол, Брајан Сикник, ја даде својата прва реакција за ABC News во понеделникот вечерта, откако претседателот Доналд Трамп помилува над 1.500 осудени демонстранти на 6 јануари.
На повикот, Крег Сикник бил во шок и помилувањата ги нарекол „предавство на пристојноста“.
„Човекот не ја разбира болката или страдањето на другите. Тој не може да ги разбере туѓите чувства“, рече тој.
„Сега немаме владеење на правото“, додаде Крег.
Сикник исто така рече дека сега е лично загрижен за својата безбедност.
Неговиот брат Брајан бил брутално нападнат од бунтовниците, покажуваат видео доказите. 42-годишниот воен ветеран, кој работеше во Капитол 12 години, почина еден ден подоцна, откако претрпе два мозочни удари.
Медицинскиот вештак рече дека тој починал од природна смрт, но исто така рече дека „сето она што се случило тој ден играло улога во неговата состојба“.
Пет членови на семејството на Сикник сведочеа на судењето во февруари 2023 година против Џорџ Таниос и Џулијан Катер, мажите кои го испрскаа Брајан Сикник со бибер, опишувајќи ја загубата на син, татко, брат, партнер — и колега офицер со Полицијата на Капитол.
Подготви: Д. Мишев