• Latest

Брегу: Внатрешните политики на Албанија се пречка за членство на земјата во ЕУ

December 28, 2020

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Брегу: Внатрешните политики на Албанија се пречка за членство на земјата во ЕУ

December 28, 2020 16:19
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ разговараше со универзитетскиот професор во Тирана, Зилифтар Брегу, за состојбите во Република Албанија, ЕУ интеграциите на двете соседни земји, перспективите за 2021 година,  евентуалните политички влијанија од големите светски сили, лажните вести и говорот на омраза, од негова гледна точка.

ЦИВИЛ: Како ја оценувате политичката ситуација во Албанија, и кои се предизвиците?

Брегу : Ситуацијата во Албанија е тешка. Се наоѓаме во изборна година, во сезона на парламентарни избори. Но овие парламентарни избори доаѓаат во ситуација кога опозицијата е надвор од Собранието, надвор од системот, партиите влегуваат во избори со недостаток на опозицијата. Според опозицијата, власта го прекршила договорот од 5 Јуни, кога сме кај изборите, ги прекршила правилата. Немаме еден јасен правен систем, немаме Уставен Суд, Врховен Суд, Апелацијата излегува речиси надвор од функцијата. Значи немаме правосуден систем, имаме неповолна економска ситуација, било за последиците од Ковид -19, било за последиците од земјотресот во 2018 година. Имаме една сива ситуација во надминување на оваа календарска и изборна година.

ЦИВИЛ: Какви перспективи  и трендови очекувате за 2021 година, каде треба да се фокусираат институциите и граѓанскиот сектор?

Брегу – Главниот предизвик ќе бидат изборите на 25 април и влегувањето на опозицијата во институциите, бидејќи од овие избори ќе зависи малку и европската перспектива на Албанија, како и вашата. Но вашата перспектива нема да зависи од нашата ситуација, но ја спомнав бидејќи влегуваат во пакет. Краткорочниот предизвик ќе бидат изборите, стандардот на изборите, а потоа тоа и економската ситуација, состојбата на граѓаните кои останаа без домаќинства заради земјотресот.

ЦИВИЛ: И вие го спомнавте членството во ЕУ. Колку реално Албанија е блиску до ЕУ, и кој е виновен за неотпочнување на преговорите?

Брегу – Интересен е фактот што кога сите земји кога го отпочнуваат интегративниот процес, прават еден  чекор напред за да се ближат до ЕУ, на Албанија и се случи да направи чекор назад и да се оддалечи од ЕУ. Албанија беше многу блиску до ЕУ во 1996 година, потоа во 2006, сега сме многу далеку, според мојата анализа. За тоа зашто сме далеку е долга дискусија, но јас мислам и поради внатрешните дискусии во ЕУ, а посебно поради внатрешната економска, политичка, социјална и правна ситуација во Албанија. Значи поголемата вина е заради внатрешните проблеми на Албанија и на политичката елита во Албанија, бидејќи во секое истражување Албанците се нај-проевропски народ. И политичарите велат дека Албанија нема план Б за интеграциите, патот на Албанија е за ЕУ, но политичарите го прават спротивното од нивните изјави и не оставија  во оваа состојба, што се однесува до ЕУ. Значи денеска сме подалеку отколку што бевме некогаш.

ЦИВИЛ: Северна Македонија доби позитивен извештај и заклучок дека ги исполнува условите, но беше спречена од Бугарија заради спорот. Како се доживува во Албанија најновиот проблем на Северна Македонија во овој процес?

 Брегу : Има два коментари, два ставови и две анализи. Едната е тоа што ја прави пропагандата на мнозинството, која вели дека нас не не прифаќат не заради наша вина, туку заради проблемите на ЕУ. Велат, еве каде е Македонија која е пред нас, но наспроти ова,  не се во ЕУ бидејќи ги спречува Бугарија која е земја членка на ЕУ. Вториот став е жалење за сите тие резултати кои ги постигнала Македонија, поврзано не само со реформите, туку и предизвиците кои ги имаше како промената на името, или регулирање на односите со Грција. Жално е што Македонија сепак  не постигна да чекори напред во евроинтеграциите. Но од  друга страна,  кога има двајца пропаднати, подобро е кога има двајца и не само еден, бидејќи да беше сама Албанија, ќе беше полошо.

ЦИВИЛ: Еден од главните предизвици во Балканот и пошироко, се лажните вести и говорот на омраза. Колку овие две појави се сериозни во Албанија и дали имаме тренд на раст на лажните вести и говорот на омраза, или се изолирани случаи?

Брегу : Тоа се појави коишто испливаа на површина со технологијата и социјалните медиуми. До сега, ниту од едната ниту од другата, сеуште  нема последици, влијание во албанското општество, бидејќи влијанието на социјалните медиуми врз  јавното мнение  е се уште мало. Но е една  загрижувачка појава  која заслужува внимание, има иницијативи за амортизација на оваа појава, има проекти и иницијативи кои се поддржуваат од нашите европски и американски пријатели. Влијанието врз  албанското јавно мнение се уште не е толку големо за да направи голем проблем, но е како проблем кој расте. Мислам дека во овој аспект во Македонија, ситуацијата е малку поделикатна од што е во Албанија, било заради социјалната структура во Северна Македонија, било и заради влијанието кои се малку поголеми отколку во Албанија, на други структури и држави кои се против интеграција на земјата и регионот во ЕУ.

ЦИВИЛ: Кога сме кај влијанието на другите земји, се спомнува често руското влијание и во Албанија и во регионот. Дали има руско влијание во политичките процеси во Албанија, и доколку го има, во кои форми се манифестира?

Брегу : Мислам дека сме спроти два процеси кои се природни, но се уште не се на тоа ниво за да предизвикаат сериозна грижа. Има право Русија да се обиде да влијае, јас не знам кои се формите со кои тие се обидуват да влијаат во внатрешната политика во Албанија. Но, мислам дека политичкото водство не се повлече, не е потресено од ваквите притисоци на влијанието на руската политика во Албанија. Значи албанскиот лидершип е јасен во неговиот избор и стратешката алијанса со САД е имунитет спроти руското влијание. Поголемо од руското влијание, јас би рекол дека во Албанија е Турското влијание, но некогаш и иранското влијание, поради тоа што направи Албанија за прифаќање на иранската опозиција во Албанија. Заради ова Албанија протера  и неколку ирански дипломати од земјава. Сепак ќе кажам поголемо е турското влијание, преку неколку форми, културни, економски аспекти итн.

Арбен Зеќири

монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ