• Latest

Британскиот премиер Сунак во Кијив го претстави најголемиот пакет британска воена помош за Украина

January 12, 2024

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Британскиот премиер Сунак во Кијив го претстави најголемиот пакет британска воена помош за Украина

January 12, 2024 20:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот премиер Риши Сунак за време на неговата денешна посета на Кијив го претстави новиот пакет воено финансирање за Украина со цел земјата да се увери дека Западот продолжува да ја поддржува.

Пакетот за помош, кој важи за следната фискална година и е вреден 2,5 милијарди фунти (3,2 милијарди долари), е најголемиот што Велика Британија и го дала на Украина од почетокот на војната.

Имено, тоа е за 200 милиони фунти (233 милиони долари) повеќе од претходниот годишен пакет, соопшти британската влада.

– Денеска сум тука со една порака: Обединетото Кралство … нема да се поколеба, рече Сунак и додаде. „Ќе бидеме со Украина, и во нивните најтемни времиња и во подобрите времиња што доаѓаат“.

Пакетот вклучува средства за набавка на ракети со долг дострел, илјадници дронови, за противвоздушна одбрана, артилериска муниција и за финансирање на поморската безбедност, соопшти кабинетот на Сунак.

Британската помош за Украина пристигнува во време кога финансиската помош од САД и Европа е во застој поради политички несогласувања.

– Не заминуваме, рече Сунак на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинските власти ја поздравија британската најава и ја претставија како доказ дека западната поддршка за нејзината борба против Русија не опаѓа, како што стравуваат некои.

– Ова е сигнал до светот: Украина не е сама, рече Зеленски.

Сунак и Зеленски потпишаа билатерален безбедносен договор за следните 10 години.

– Тој договор ќе остане во сила додека Украина не добие членство во НАТО, за што се надеваме, рече Зеленски.

Деталите за договорот ќе бидат објавени подоцна, соопштија официјални лица.

Кијив апелира до Западот да испрати повеќе помош како Британија, бидејќи исцрпувачка војна не предизвика големи промени долж замрзнатата линија на фронтот, а двете страни се свртеа кон напади со долг дострел, проектили и дронови.

Сунак рече дека ја направил Украина прва дестинација за странска посета оваа година, со цел да и испрати „силен сигнал“ за поддршка, што укажува на „сериозноста на ситуацијата овде и нашата решеност да бидеме со Украина“.

Според Сунак, рускиот претседател Владимир Путин „ќе мора да признае дека не одиме никаде“.

Посетата на Сунак следеше неколку часа откако британските и американските сили ги бомбардираа позициите на бунтовниците Хути на територијата на Јемен, кој е поддржан од Иран.

Tags: Велика Британијапомош за УкраинаСунак
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ